29 Март, 2024
0.0252

Македонски Телеком со зголемена добивка и раст во интернет, ТВ и ИКТ сегментот во 2020 година

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком оствари позитивни резултати во 2020 година и покрај предизвиците на работењето што ги наметна ковид-19 пандемијата. Продолжува растот на бројот на корисниците на интернет и телевизија, а се забележува и нов позитивен тренд во ИКТ областа. Приходите од продажба на Македонски Телеком во 2020 година се зголемени за 2,3 отсто и изнесуваат 11,085 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е благо намалена за 0,6 отсто, во споредба со претходната година.

Позитивни трендови во интернет и ТВ сегментите

Во 2020 година продолжува да расте интернет и ТВ сегментот. Базата на корисници со пристап до широкопојасен интернет е зголемена за 4,7 отсто и изнесува вкупно 213,8 илјади корисници, со што приходите се зголемени за 2,7 отсто.

Македонски Телеком останува на позицијата лидер на пазарот во ТВ сегментот, со удел од 33,8%. Во 2020 година, Македoнски Телеком ја зацврсна својата водечка позиција со зголемување на ТВ корисниците за 4,5 отсто, со што базата на корисници порасна до 142,5 илјади.

Исклучително висок раст во областа на ИКТ услугите

И оваа година продолжува да расте користењето на ИКТ и Cloud решенија и услуги, што доведе до зголемување на приходите од системска интеграција и ИТ услуги за дури 63,3 отстово споредба со минатата година. Овој континуиран позитивен тренд е резултат назабрзаната дигитализација која постави нови услови за водење на бизнисот. Квалитетот на ИКТ услугите и решенијата и сигурноста на податоците што ги нуди Македонски Телеком го позиционираат како партнер за дигитализација на бизнисите.

Инвестиции во мрежата во услови на забрзана дигитализација

Изминатава година континуирано се инвестираше во зајакнување на капацитетот на мрежата, за да се задоволат зголемените дигитални потреби на приватните и бизнис корисници. Со инвестиции во оптичката мрежа се зголеми бројот на домаќинства покриени со оптички пристап. На крајот од 2020 година Македонски Телеком овозможи пристап до оптика на 39,2% домаќинства во земјата, односно повеќе од 221 илјада домаќинства можат да ги користат придобивките на оптичката мрежа што е за 12,8% повеќе споредено со минатата година.

Македонски Телеком останува посветен на беспрекорно одржување на капацитетот на мрежата и интернет пристапот, за да обезбеди непречена комуникација и поврзување на ситекорисници.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи