18 Април, 2024
0.0254

Македонски Телеком со зголемени приходи и раст во интернет и ТВ сегментот во првите шест месеци од 2020 година

Објавено во: Мои пари 06 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком во првите шест месеци од 2020 година бележи добри резултати наспроти сите предизвици на работењето што ги наметна ковид-19 пандемијата. Продолжува трендот на раст на бројот на корисниците во сегментот на интернет и телевизија. Приходите од продажба на Македонски Телеком во првите шест месеци од 2020 година,во споредба со претходната година,се зголемени за 0,7 отсто и изнесуваат 5.177 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е намалена за 2,7 отсто,заради зголемување на оперативните расходи во споредба со истиот период од претходната година.

Продолжува трендот на раст на корисничката база

Расте бројот на корисниците во првите шест месеци од 2020 година. Како резултат на континуираната посветеност за поврзување на корисниците и обезбедување квалитетни услугии во услови на пандемија, зголемена ебазата на корисници со пристап до широкопојасен интернет за 4,8отсто,при што вкупниот број изнесува 207 илјади. Македонски Телеком и понатаму останува на позицијата лидерво ТВ сегментотна пазарот, нудејќи ексклузивни содржини и уникатно ТВ искуство. Со растот на бројот на корисници за 4,7 отсто(вклучувајќи ги Magenta 1, Internet&ТV и други ТВ услуги),во првите шест месеци од 2020 година МКТ ја зацврстува својата позицијасо база од над 138 илјади претплатници.

Стабилна и квалитетна мрежа во услови на поголеми дигитални потреби

Главен приоритет на Македонски Телеком со појавата на ковид-19 пандемијата беше да обезбеди непречено поврзување на корисниците преку квалитетна и стабилна мрежа во услови на огромна побарувачка за интернет.

Досегашните преземени активности во изминативе шест месеци од годината подразбираат континуирани и дополнителни инвестиции за зајакнување на капацитетот на мрежата, со цел истовремено да се задоволатзголемените дигитални потреби на корисниците ида се излезе во пресрет на потребите и интересите на сите чинители во општеството. 

Покрај тоа, обезбедивме и дополнителни вредности, понуди и содржини без надоместоци за корисниците, а како одговорна компанија бевме партнер во проекти со кои општеството полесно ќе се справи со ефектите од пандемијата. 

Македонски Телеком и понатаму останува посветен да обезбеди непречена комуникација и поврзување на граѓаните, давајќи свој личен придонес за доброто на сите. 

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година