14 Февруари, 2025
0.0303

„Великан кој е дел од македонскиот идентитет и неговото дело не смее никогаш да биде заборавено“: Мицкоски во чест на раѓањето на Гоце Делчев

Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2025

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со претставници на македонската Влада положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод одбележувањето на 153-годишнината од неговото раѓање.

Мицкоски го честиташе денот од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев и посочи дека македонската Влада во иднина треба да има традиција во чествувањето на овој ден, бидејќи, како што рече, Гоце Делчев е дел од македонскиот идентитет.

– Дозволете ми на целата македонска јавност да го честитам родениот ден на македонскиот великан, идеолог и јунак Гоце Делчев. Тоа што го правевме во минатото продолжуваме да го правиме и како Влада. Цениме дека македонската Влада треба да има традиција во иднина да го чествува овој ден, бидејќи ова е наш македонски великан, којшто е дел од македонскиот идентитет и неговото дело не смее никогаш да биде заборавено - рече Мицкоски.

Во чест на раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев, повеќе делегации денеска положија цвеќе во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја борбата за слобода на македонскиот народ, тој ја обиколил целата држава.  Противниците на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледале најголем непријател и се обидувале на секој начин да го ликвидираат.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Фото: Принтскрин/Фејсбук/МИА

Можеби ќе ве интересира

„ДА БЕШЕ ЖЕНА КОЈА КОРИСТИ БОТОКСИ И ФИЛЕРИ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЛИЧИ НА УНАКАЗЕНА ЖЕНА ОД НАДРИЛЕКАРИ И ПАЗАРЏИИ ЗА СИТНА ПАРА“: Трајкоска жестоко за смената на државниот грб

„ДА БЕШЕ ЖЕНА КОЈА КОРИСТИ БОТОКСИ И ФИЛЕРИ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЛИЧИ НА УНАКАЗЕНА ЖЕНА ОД НАДРИЛЕКАРИ И ПАЗАРЏИИ ЗА СИТНА ПАРА“: Трајкоска жестоко за смената на државниот грб

ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Сума од 12 милони евра од ТАВ одат во скопската општа градска болница

ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Сума од 12 милони евра од ТАВ одат во скопската општа градска болница

ЗА ФРОСИНА, ЗА ИГОР ЈУГ И ЗОРАН ЗАЕВ: Груевски сподели како се контролираат возачите во Унгарија, а го кажа ставот и за осудените за 27 април

ЗА ФРОСИНА, ЗА ИГОР ЈУГ И ЗОРАН ЗАЕВ: Груевски сподели како се контролираат возачите во Унгарија, а го кажа ставот и за осудените за 27 април

МАКЕДОНСКИ ШЕФ НА ЕВРОПСКА НАРКО-МАФИЈА И ПАДНАЛ ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ЖЕНЕВА: Го сменил името и се надевал дека нема да го фатат

МАКЕДОНСКИ ШЕФ НА ЕВРОПСКА НАРКО-МАФИЈА И ПАДНАЛ ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ЖЕНЕВА: Го сменил името и се надевал дека нема да го фатат

ЕВЕ ГО МОМЕНТОТ КОГА О НИЛ ГО СООПШТУВА ИМЕТО НА ЃОРЧЕВ И ГО ПОКАЖУВА НА ФОТОГРАФИЈА: Молел да не се сруши владата во 2016 година

ЕВЕ ГО МОМЕНТОТ КОГА О НИЛ ГО СООПШТУВА ИМЕТО НА ЃОРЧЕВ И ГО ПОКАЖУВА НА ФОТОГРАФИЈА: Молел да не се сруши владата во 2016 година

„НИТУ ЕДНО ЖИВОТНО НА ГРБОТ НЕМА ДА ДОНЕСЕ ПОВИСОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД“: Се огласи Макрадули за државниот грб и неговата измена

„НИТУ ЕДНО ЖИВОТНО НА ГРБОТ НЕМА ДА ДОНЕСЕ ПОВИСОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД“: Се огласи Макрадули за државниот грб и неговата измена

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!