20 Април, 2024
0.1470

Македонскиот ајвар „Перустија“ на Food Expo во Атина

Објавено во: Мои пари 12 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Компанијата „Ларс“ која е производител на ајварот „Перустија“ од 10 до 12 март се претставува на на 5. Меѓународен саем за храна и пијалаци Food Expo.

Овој реномиран и многу посетен саемза нас е е добра можност да ги претставиме нашите производи, посетителите да ги пробаат, и да воспоставиме деловни контакти за иден влез на грчкиот пазар. Акцентот во претставувањето го ставаме на нашите премиум производи како што се ајварите, природните сокови, салцата, џемовите без шеќер од брендот Перустија“, велат од „Ларс“.

За посетителите најпримамлив е македонскиот ајвар затоа што голем дел од луѓето кои го посетиле штандот, воопшто не знаеле за овој производ. Со дегустациите, сите го пробуваат и се доста задоволни, велат од „Ларс“.


Меѓународниот саем за храна и пијалаци се одржува петти пат, од 10-ти до 12 март и е еден од најголемите во Југоисточна Европа. Годинава се очекуваат околу 70.000 посетители од грчки и од странски компании.

На Food Expoучествуваат 1.300 грчки и странски излагачи од вкупно 20 земји: Австрија, Бугарија, Белгија, Германија, Италија, Холандија, Полска, Турција, Индија, Египет, Шпанија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Израел, Романија.

Ајварот „Перустија“, кој се произведува во фабриката „Ларс“ во Штип, се извезува во повеќе од 20 земји ширум светот. Годишниот извоз на ајварот „Перустија“ достигнува вредност од 6 милиони евра.

„Перустија“ која има 5 вкусови во својата палета: благ, лут и екстра лут црвен ајвар, зелен и жолт ајвар е достапен за во САД, Канада, Нов Зеланд, Австралија, Холандија, Германија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и многу други земји. 

Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција