29 Март, 2024
0.0254

Македонскиот бренд OTTIMO креира пеперушки за оскаровски изглед

Објавено во: Мои пари 17 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Инспирирано од Италија, креирано во Македонија може да резултира со нешто одлично, извонредно или на италијански OTTIMO.

OTTIMO е приказна за пеперушките или „лептир машните“ како многумина милуваат да кажат, повеќе од моден додаток со кој префинетиот стил е интимно поврзан.


Строгоста и класичноста на пеперушките веќе неколку години OTTIMO успешно ја разигрува додавајќи и силни бои, поинаков крој, слобода и лежерност. Префинет вкус и изострено око за детали, страст и преданост, постојано истражување и стремеж за конечна промена на стереотипниот изглед кај посилниот пол е само почетната дефиница за деталите кои OTTIMO ги создава.

Иако мал – лептир машната е многу моќен моден детал. Едноставно, таа има свој шарм, па така, оној кој еднаш ќе го искуси задоволството носејќи ја таа посебна прегратка околу својот врат, останува нејзин верен љубител. Лептир машната е посебен печат на стилот кој нè прави препознатливи.

Црната лептир машна е повеќе од бондова приказна, а со сигурност на многумина мажи прв избор на пеперушка со цел да ја истакнат својата елеганција, мистичност и моќ. Црната лептир машна во OTTIMO е модел која внимателно се негува во повеќе форми и стилови со финиш на префинета доминантност.


Освен класичните модели на Pre-tied (веќе врзани) пеперушки, во последно време сè почесто имаме клиенти кои се љубители на Self-tie пеперушки и сè повеќе ги бараат. Тој модел им приредува посебно уживање во целиот процес на врзување, а крајниот резултат е Холивудски шарм од асиметрична пеперушка.

Неверојатен е ефектот кога околу вратот на една девојка има лептир машна – во исто време изгледа толку софистицирано и елегантно, но и многу моќно. Така, во OTTIMO не важи „правилото“ дека лептир машните се наменети само за машкиот пол.  На почетокот забележавме дека постои доза на „срамежливост“ кај дел од дамите. Приказната се промени со колекцијата со која OTTIMO им даде нова димензија на лептирките, а тоа се лептирките на ланче. Така, тие стануваат поприфатливи за поголемиот дел од понежниот пол, имајќи можност да бидат носени не само со кошули, туку и со маички, фустани и слично.


Независно дали станува збор за повод кој си бара елеганција, или пак за лежерна комбинација, со модните додатоци стилот добива сосема друго ниво. OTTIMO во своето ателје нуди избор од околу 400 различни опции на лептир машни. Клиентите имаат можност да одберат и џебно марамче, како партнер на лептирките.

Цветчињата за ревер се исто така OTTIMO предлог за симпатичен моден додаток. Во однос на боите и стилот, во OTTIMO секој има слобода да си одбере она што најмногу му се допаѓа, без притоа задолжително да се следат и наложуваат одредени модни правила.  За OTTIMO, најважно е да не заборавиме дека модните додатоци секогаш треба да одат во комбинација со насмевка и добри манири.

Можеби ќе ве интересира

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ