29 Март, 2024
0.0251

Македонскиот челик фати залет

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Македонија го зголеми производството на суров челик за 24,4 отсто оваа година по првите три квартали во однос на периодот јануари-септември во 2017-та, покажуваат податоците на Светската организација на производители WSA.

Македонија досега во 2018, односно по изминатите девет месеци од годината, има 241.000 тони производство на челик, што и натаму е меѓу најмалите произведувачи, но сепак со многу подобрен резултат оваа година. Позабележителен раст во цела Европа имаат само Србија (33,7 отсто) и Молдавија (40,3 отсто). 

Во земјата класично производство на челик има само Макстил, а производи кои спаѓаат под оваа категорија има и Арчелор Митал, Скопски Легури, Фени Индустри и Југохром, кој се уште не е активен и треба да ги постави филтрите.

Од друга страна, БИХ има пад од 18,9 отсто, Словенија има раст од 6 отсто, а Бугарија само 2. Хрватска имала производство од само 81.000 тони. Австрија има пад од минус 20,3 отсто, додека Франција забавила со 1,2 отсто послаб резултат. Германија има напредок од 3,5 %, а Грција 11,6%. На Исток, Русија има позитива од 1,8 отсто, а Украина само 0,8.

Митко Кочовски, директор за стратешко планирање, финансиски инженеринг, економски истражувања, информации и анализи во Макстил вели дека зголеменото производство не се должи на некаков реален напредок, туку на враќање во нормални рамки по повеќегодишна стагнација

- Во прашање е поголема искористеност на стандардните веќе постојани капацитети, кои имаа помалку работа во претходните години. Како втора причина, зголемена е надворешната побарувачка на европскиот пазар. Во секој случај, тоа е добро за македонската економија и што ете по многу лош период ние застануваме на здрави нозе. Единствена опасност претстои од царинските рестрикции со кои се заканува ЕУ кон САД и обратно, па тоа може да ги направи попасивни планирањата. Инаку, не гледам друга причина зошто да не продолжи динамиката на раст - вели Кочовски.

Тој додава дека производството на челикот во Македонија може само да расте, бидејќи тоа е судбина на помалите и понеразвиени земји, додека оние поголемите и поразвиени интересот го насочуваат кон пософистицирани индустрии како на пример вештачката интелигенција.

Иако станува збор за суровина, а не финален производ и маржите се помали бидејќи нема додадена вредност, учеството на металуршката индустрија во македонскиот извоз е околу една третина. Конкретно, челичната индустрија претставува 15 отсто од вкупниот извоз и пет отсто од бруто-домашниот производ.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра