16 Април, 2024
0.0243

Македонскиот народ осуден на годишна казна од 35 милиони евра

Објавено во: Економија 25 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Македонските физички и правни лица во 2018 биле осудени на вкупна глоба од 35 милиони евра во 2018-та од органите на извршната и правосудната власт кои имаат ингеренции да казнуваат, според вкупната годишна евиденција пријавена од оние што санкционираат до Управата за јавни приходи.

Точната пријавена бројка на изречени глоби во УЈП е 2.095 милиони денари и се верува дека наплатата е речиси еднаква бидејќи голем дел од износот на  глоби, паушали и трошоци граѓаните ги плаќаат доброволно, а во многу помал случај наплатата е присилна.

Во текот на минатата година обработени биле 120,038 вакви казни, а за 24,475 се подготвиле решенија за присилна наплата за вкупна сума од 392,5 милиони денари. Од УЈП велат дека работата на Центарот за наплата на глоби е се уште во развој и дека се уште не може да се воспостави најпрецизна евиденција и поврзување на казните со казнетите.

- Од пристигнатите и обработени предмети, дел веќе биле целосно или делумно наплатени што се констатира дополнително преку постапки што ги спроведува Центарот за глоби, за одреден број органите и институциите не доставиле целосни податоци кои дополнително и континуирано се комлетираат и обработуваат од страна на Управата. За лицата кои не ги платиле износите на казни и трошоци, а за кои во УЈП постојат целосни податоци за идентификација, изготвени се решенија за присилна наплата на парични казни-глоби. Во периодот кој е предмет на обработка на овој извештај, се изготвени 24,475 решенија за присилна наплата на глоби во износ од 392,503,465 денари, трошоци во износ од 6,011,107 денари и такса од 5% на УЈП во износ од 19,929,926 денари или вкупно износ од 418,444,488 денари, се вели во извештајот на УЈП.

УЈП само делумно успеаа да наплати присилно од оние што не сакале да го направат тоа на доброволна основа и тоа најмногу за Министерството за внатрешни работи - 23,5 милиони денари, судовите - 18,3 милиони денари, Царинската управа - 11,3 милиони и Министерството за труд и социјална политика - 8,8 милиони.

Право да казнуваат имаат уште и  Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина, Министерство за земјоделие шумарство и водостопанство, Министерство за економија, Дирекција за заштита на лични податоци, Народна банка, Агенција за храна и ветеринарство, Комисија за хартии од вредност, Комисија за заштита на конкуренција и Министерство за финансии, вклучувајќи ги и органите и инспекторатите под нивна надлежност.

Александар Кузмановски



Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

ИЛОН МАСК СО РАДИКАЛНА МЕРКА: Тесла ќе отпушти над 10 отсто од својата работна сила

ИЛОН МАСК СО РАДИКАЛНА МЕРКА: Тесла ќе отпушти над 10 отсто од својата работна сила

ЕВЕ КОИ ВОЗАЧИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНААТ НОВИНИТЕ - Регулаторна со нови цени на нафтените деривати

ЕВЕ КОИ ВОЗАЧИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНААТ НОВИНИТЕ - Регулаторна со нови цени на нафтените деривати