Македонските компании во поддршка на клучните сектори за време на пандемија

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2021
Живееме во време кога стресот има се поголем дел од нашето секојдневие. Грижата за здравјето на нашите најблиски и одговорноста која мораше да ја преземе секој од нас е факт кој тежи на илјадници граѓани во нашата држава.
Губењето на работните места и се помалиот фамилијарен буџет уште повеќе го отежнува животот во ова непредвидливо време кое само по себе создаде и многу нови трошоци кои се сега клучни во секојдневниот живот.
Таков пример е и дигитализација на образовниот процес кој ги натера семејствата да обезбедат лаптопи, компјутери и таблети како и стабилна интернет врска за нивните деца, за да бидат дел од наставата и да не пропуштат од едукативниот процес.
Многу ученици од нашата држава имаа потешкотии при адаптација на овој процес, само поради тоа што припаѓаат на семејства со помали примања, нешто што не смее да се дозволи, бидејќи сите деца мораат да имаат еднакви можности за свое надоградување.
Токму затоа, би сакале да ја издвоиме донаторската акција на компанијата „Макпетрол“ АД Скопје преку која 1.000 ученици од повеќе општински училишта низ државата добија таблети.
Горди сме на компаниите во нашата држава кои докажаа дека се општествено одговори и донираа во повеќе сектори во нашата држава, а најчесто во здравството кое е најпогодено, но во исто време и столб преку кој треба да се избориме со оваа пандемија.
Останете безбедни и помогнете онаму каде што е потребно во границите на вашите можност.
Можеби ќе ве интересира
Османи се пофали дека ќе има субвенционирање на правична застапеност во приватни компании

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Власта го претстави планот за борба против корупција, а за попишувањето има забелешки

Георгиевски признава дека отсекогаш кршел табуа и предлозите ги дал за да одиме напред

Oбвинителството бара притвор за уште тројца демонстранти кои протестираа за „Монструм“

За 24 часа регистрирани се 368 оздравени од коронавирусот

Направени се 3.144 тестирања, а регистрирани се 726 нови случаи на коронавирус

По смртта на татко и: Синадиновска му се заблагодари на Ахмети за поддршката

Пендаровски реагираше до Радев за мешањето во внатрешните работи на Македонија

Заев: За секој министер се знае колку кафиња и води испил
