28 Март, 2024
0.0252

Македонските корисници и УНЕТ одбележуваат четвртина век од интернет конекцијата

Објавено во: Мои пари 30 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Точно пред 25 год. на 20 Април 1995 година, Унет ја воспостави првата интернет конекција во Македонија во време кога населението не само што во најголем дел немаше воопшто слушнато за интернет мрежата, туку и не поседуваше персонални компјутери. 

Во 25те години на развој покрај сите промени, предизвици и можности, УНЕТ и ИТ инфраструктурата на државата рапидно се развиваа, издигнувајќи не како нација во една од технолошки најнапредните во регионот. Денес, преку 80% од населението активно користи интернет, а ИКТ индустријата е регистрирана како еден од најсилните придонесувачи во БДП.

,,Започнавме скромно, ентузијастички, нашите цели пред 25 години првенствено се сведуваа на тоа да го едуцираме населението за тоа што е интернет мрежата, за што се користи, како се користи електронската пошта итн.” – објаснува Анета Пешева, основач на УНЕТ и Претседател на УО на МАСИТ.  Денес,  Унет е компанија која  креира уникатни веб решенија со примена на современи технологии, нуди услуги за хостирање, регистрирање на домени, како и корисничка и техничка поддршка за своите корисници.

Јубилејната четвртина од век постоење, УНЕТ ќе ја посвети на доделување помош на најзасегнатиот сектор од кризата поради пандемијата на COVID-19, - угостителството.

 ,,Деновиве, кога го одбележуваме нашиот 25 годишен јубилеј се вонредно тешки за сите нас не само како граѓани на оваа држава туку и како стопанственици кои се соочуваме со огромни потешкотии во реализирањето на нашите деловни планови и цели. Нашиот јубилеј ќе го одбележиме на тој начин што во месецот на нашето формирање Април, за еден од најафектираните сектори од оваа криза поради пандемијата на COVID-19, угостителството, одлучивме да доделиме изработка на три (3) веб решенија, целосно бесплатно за три (3) фирми од угостителскиот сектор”.

Со овој гест УНЕТ ги насочува своите ресуси кон ранливите сектори во обид да манифестира единство и сплотеност која е толку потребна во овие предизвикувачки времиња.




Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија