23 Април, 2024
0.1282

МАКЕДОНСКО КРЕДИТНО БИРО - ПАРТНЕР ВО ОДРЖУВАЊЕТО НА ЛИКВИДНОСТА НА КОМПАНИИТЕ И УСПЕШНОТО МЕНАЏИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ РИЗИЦИ

Објавено во: Мои пари 19 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

МКБ е првото приватно и единствено кредитно биро во Република Македонија преку кое можете да дојдете до детални информации за долгувањата на вашите партнери, соработници и клиенти и да креирате безбедно деловно опкружување и сигурно чекорење низ процесот на деловното одлучување и унапредување на работењето.

МКБ управува со најголемата и најкомплексна база на податоци за обврските на правните и физичките лица во Република Македонија. Содржи податоци за околу 1.350.000 физички лица и 105.000 правни лица.Податоците се однесуваат на обврски по кредити, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги.

На корисниците овие податоците им се ставаат на располагање во форма на извештаи кои содржат податоци за обврските на правните и физичките лица. Сопствениот извештај може да се добие во канцелариите на кредитното биро на адреса бул. Кузман Јосифовски Питу бр.1 (Комплекс банки) на V кат и онлајн со регистрација на интернет порталот МОЈ.МКБ.

За корисниците кои имаат потреба од користење на мал број на извештаи идеално решениее „МКБ Импулс“- ефикасна интернет платформа преку која можете да подигнете  извештај и да доставувате податоци, односно да ги пријавувате  ненаплатените побарувања постари од 60 дена. МКБ.ИМПУЛС создава додадена вредност за Вашиот бизнис, овозможувајќи пристап до дневно ажурни податоци за задолженоста на фирмите и за редовноста/навиките во измирувањето на обврските на потенцијалните клиенти. Платформата е едноставна за користење, а покрај добивање  на извештај корисникот може да добие  и 24 часовна поддршка при толкување на податоците од страна на стручниот тим на МКБ.

За сите извозно ориентирани компании МКБ нуди пристап до Меѓународни извештаи со бонитетни информации за повеќе од 200 милиони компании низ целиот свет.

Меѓународните извештаи нудат можност да се намали ризикот во соработката со сегашните и идните деловни партнери, овозможувајќи брз и ефикасен увид во деловната и финансиската способност на определена компанија и го олеснува процесот на одлучување за продолжување на соработката, односно започнување на нова соработка.

Од минатата година е воведен е и Алармениот систем за известување на субјекти (АСИС), кој им овозможува на претплатените корисници да примаат e-mail пораки за состојбата и промените во податоците кои се водат за нив во кредитното биро.

Промотивно во текот на месец мај, претплатете се на АСИС на 3, 6 или 12 месеци за да бидете редовно информирани за сите промени во Вашето должничко портфолио (досие)  и добијте гратис Сопствен извештај.

Повеќе информации на контакт бројот +389 (0)2 3251-291 или нa веб страната www.mkb.mk

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

IQOS караванот пристигна во Струга

IQOS караванот пристигна во Струга

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа