29 Март, 2024
0.0289

МАКЕДОНСКО ПИЛЕШКО НА МЕНИТО И НА КФЦ - отворен нов производствен погон на „Интернешанал фреш фуд“

Објавено во: Економија 26 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Македонско пилешко месо ќе биде на менито на популарниот американски синџир КФЦ. 

Конзорциумот „Интернешанал фреш фуд“ ќе стартува со бројлерско производство во селото Гиновци во Општина Ранковце. Денеска беше отворен нов производствен капацитет за пилешко месо на овој конзорциум на домашни и странски инвеститори, а на отворањето присуствуваа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, министерот за економија Крешник Бештеши, за финансии Фатмир Бесими…

Се најавува отворање на нови 3.000 работни места, како и инвестиција од над 50 милиони евра во наредните пет години. Со отварање на „Интернешанал фреш фуд“ ќе се намали увозот на свежо пилешко месо и ќе се зголеми извозот на странските пазари.

Премиерот Зоран Заев нагкаси дека се работи за нова модерна инвестиција, со највисоки стандарди во производството на свежо пилешко месо.

„На овој начин ќе се намали увозот на свежо пилешко месо кој во моментов изнесува 95 отсто од домашната потрошувачка и ќе се зголеми извозот. Планот на инвеститорите е да создадат затворен круг на производство, почнувајќи од матични јата, инкубатори, станици, еднодневни пилиња, сопствени фарми, кланици, се до финален производ. Со изградбата на фарми и кланици низ целата држава за прв пат ќе имаме производство со запазување на најсовремените пракси за безбедност на храната“, изјави Заев и додаде дека со оваа инвестиција ќе се отворат 3.000 нови работни места и ќе се зголеми соработката со кооперантите и домашните производители на храна.

Освен во Гиновце, „Интернешанал фреш фуд“ ќе има свои фарми во Врапчиште – Тетовско, Кочани, Штип, Охрид Струга, Бетиница, Карбинци и Свети Николе.

Претставникот на компанијата, Абдулезел Догани рече дека ова е прва алка во еден голем ланец основан од домашен и странски капитал, чија основна дејност ќе биде производство на свежо пилешко месо.

„Во рамките на проектот предвидена е и изградба на фабрика за производство на храна во Свети Николе. На тој начин на земјоделците од овој регион ќе им се обезбеди сигурен пласман на земјоделските производи кој ќе се користат на храна на пилињата. Во наредните пет години вкупно ќе инвестираме 50 милиони евра, ќе го намалиме увозот и ќе го золемиме извозот на свежо пилешко месо, изјави Догани.

„Една од заложбите на Владата е зголемување на домашното производство на прехранбени и земјоделски производи.Чест ми е што денеска присуствував на почетокот со работа новиот производствен капацитет за пилешко месо“, порача Бектеши.

Според него, сопственото производство на храна е од голема важност за државата.

Се очекува дека ќе има голема побарувачка за свежо пилешко месо со оглед на фактот дека еден од партнерите на „Интернешанал фреш фуд“ е носителот на франшиза на КФЦ за балканските земји.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?