28 Март, 2024
0.0263

Макпетрол АД добитник на три признанија во рамките на 6-от Регионален самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа (РСП) „300 БЕСТ“

Објавено во: Мои пари 25 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Макпетрол АД како компанија, повеќе од 70 години вложува во својот развој и капацитети и притоа гради континуирана политика на општествена одговорна компанија, доби три признанија „Креатори на векови“ за својата работа од страна на 6-от Регионалниот самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа. Самитот се одржа од 22 до 24 март, 2019 година во Дубровник, Република Хрватска.

Како и досега, Регионалниот самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа „300 НАЈДОБРИ“ се одржа со цел јавно признавање и привлекување на вниманието на јавноста кон успехот на претприемачите и лидерите кои со својот особен придонес за развој на претприемништвото во регионот, значително го поттикнуваат економскиот и општествениот развој.

Во друштво на 346 компании од Австрија, Црна Гора, Хрватска, Италија, Норвешка, Словенија, Северна Македонија и Србија, Макпетрол АД доби награди и признанија во три категории.


Меѓународниот комитет за доделување награди и признанија анализирајќи ги досегашните успеси на компанијата ја додели престижната Голема награда и признание за развој на идеи, иновации и инвестиции во претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа на Макпетрол АД и на претседателот на Управниот одбор, господинот Андреја Јосифовски. Со оваа награда се оддава јавно признание на големите визионери и лидери чија работа, знаење, креативност и врвни резултати се темел и главен замаец кон напредокот на општествената заедница.

Како дел од самитот, посебна оценувачка комисија на чело со проф. Др. Сц. Ненад Бркиќ, експерт за маркетинг и односи со јавност, паралелно следејќи ја комуникацијата со кандидатите и избраните лауреати направи избор и за најдобар комуникатор во проектот „Креатори за векови - 2018“. Токму ова признание, исто така го доби претставникот на Макпетрол АД, Мишко Тасевски, раководител на секторот за маркетинг.

Макпетрол АД е компанија која секогаш е ориентирана кон општеството и задоволството на потрошувачите, континуирано инвестира во развојот на нови технологии и производи со што, меѓу другото, особено придонесува кон заштитата на животната средина. Свесна дека својот успех, покрај макотрпната работа, го должи на поддршката на заедницата во која работи, компанијата секогаш се труди да се заблагодари за истото преку општествено одговорните проекти, како и поддршка во спортот и културата.

Плановите на компанијата од година во година се сè поголеми, а инвестициите во иновациите и развојот континуирани, со цел усовршување на сопствените производи и услуги, проширување и создавање на нови капацитети, како и инвестирање во својот стручен кадар за постигнување на врвни резултати.


Можеби ќе ве интересира

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА