28 Март, 2024
0.0312

Макпетрол Инфо Поинт: Како да задржиме правилно држење на телото додека возиме

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Без разлика дали возењето е ваша професија или возите само кога имате некоја итна работа, правилното држење на телото додека возите е многу важно за вашето здравје, но и за безбедноста на патот. Правилното држење на телото додека возите ги зголемува рефлексите и гарантира оптимално функционирање на безбедносните системи во автомобилот.

Правилна позиција на телото при возење е кога седите исправено и висината на вашите  очи е на 8 сантиметри над највисоката точка на управувачот. Исправеното држење на телото го прави возачот пофокусиран на патот и обезбедува широк агол на гледање без потреба од држење на главата во непријатна позиција. Истовремено, инструментите на возилото се така дизајнирани да бидат најлесно видливи кога седите во исправена позиција.


Грбот треба да биде потпрен на седиштето, а телото да го држите под агол од 100 до 110 степени. Седењето под агол од 90 степени брзо ќе ве замори, додека премногу наваленото седиште ќе ви предизвика болки во вратот.

За правилна позиција на возење колената треба да бидат на иста висина со колковите или малку повисоко. Вообичаено, доволно е агол од околу 20 до 30 проценти. Петите треба да допираат на подот без непотребен напор, додека со предниот дел од стапалото треба да се биде на ниво на педалите. Доближете го седиштето така што ќе можете целосно да ги притиснете педалите без да се одвоите од седиштето.

Оставете простор од најмалку 30 сантиметри меѓу управувачот и градниот кош, а рацете треба да бидат свиткани под агол од 120 степени.


Внимавајте да имате простор од минимум два прста меѓу колената и предниот дел од седиштето, бидејќи ако внатрешниот дел од колената го допира седиштето може да предизвика проблем со циркулацијата на крвта.

Приспособете ја висината на потпирачот за глава, така што ќе биде точно на средина на вашиот тил. Тоа е многу важно за поддршка на главата и да ги поштедите вратните мускули од непотребно оптоварување.


Откако ќе ја најдете вашата оптимална позиција на седење, тогаш наместете ги сите ретровизори, така што ќе го следите сообраќајот назад само со движење на очите без многу да ја вртите главата. 

Долгото седење во иста положба, без разлика колку е пријатна ќе предизвика замор на телото. Затоа не заборавајте задолжително да правите пауза на секои два часа возење.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат