25 Април, 2024
0.0632

МАКПЕТРОЛ ИНФО ПОИНТ: Најбезбедно е да останете дома, но ако мора да патувате следете ги препораките

Објавено во: Мои пари 24 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Компанијата Макпетрол во рамки на кампанјата МАКПЕТРОЛ ИНФО ПОИНТ со нови совети доколку патувањето е неопходно.

„Останете дома“ е најчестиот совет од медицинските лица за заштита од пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19.

Државните институции препорачуваат да не се патува без поголема потреба и да се остане дома. Сепак, патувањето е неопходно за извршување на значителен дел од секојдневните, како работни, така и приватни обврски. Доколку, сепак, мора да патувате, добро е да ги знаете следните работи.

Што помалку меѓусебни контакти, толку е помал и ризикот од ширење на коронавирусот. Затоа, доколку можете да изберете помеѓу јавен превоз и приватен автомобил, сега е подобро и побезбедно, неодложните патувања да ги направите со автомобил.

За поголема лична заштита најдобро е во автомобилот да имате средство за дезинфекција, влажни марамчиња и гелови за раце на база на алкохол, како и маска и ракавици што треба да ги ставите пред да излезете од кабината на возилото.

Пред да влезете во возилото направете дезинфекција на рацете. По завршување на патувањето препорачливо е да се изврши дезинфекција на кабината со акцент на воланот, менувачот и сите делови кои биле на дофат во текот на возењето. Со тоа, возилото ќе го оставите подготвено и чисто за следното патување.

Ако во текот на патувањето имате повеќе застанувања - бензинска станица, маркет, аптека или банка, никако не заборавајте да ги дезинфицирате рацете пред повторно да влезете во возилото.

Доследното почитување на мерките за заштита од коронавирусот ги забавува речиси сите, па затоа одвојте повеќе од вообичаено планираното време за завршување на потребните задачи. Подгответе се со трпение при чекање во подолги редици и имајте разбирање за поголемата претпазливост што ги забавува работниците додека ве услужуваат.

Не може да очекувате дека ќе избегнете секаков контакт со луѓето, па добро е да ги планирате своите патувања – било приватни или работни, така што ќе контактирате со што е можно повеќе исти луѓе. Тоа подразбира користење на ист маркет, бензинска станица, аптека или банка и притоа не заборавајте да држите растојание од најмалку 1,5 метри. Држењето дистанца ве штити не само вас, туку и ранливите лица и другите лица што може да ги загрозите. 


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет