МАКРОН ДЕЦИДЕН: Северна Кореја да се врати на безусловен дијалог
Објавено во: Свет 12 Август, 2017
Францускиот претседател Емануел Макрон е еден од првите европски лидери кој зазеде јасен став околу судирот меѓу САД и Северна Кореја барајќи решението да се најде исклучиво по дипломатски, а не воен пат.
Макрон предупреди за ескалацијата на тензиите поради Северна Кореја, во момент кога се интензивира вербалната војна меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.
Макрон, изрази загриженост поради нуклеарните закани на Северна Кореја, истакнувајќи дека меѓународната заедница мора да работи на тоа да го врати Пјонгјанг на патот на безусловен дијалог.