Макрон ја собира европската елита на итен состанок утре, откако САД им порача дека се неспособни

Објавено во: Свет 16 Февруари, 2025 16:30
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја шокираше Минхенската конференција со изјавата дека е „време да се преиспита американската поддршка за Украина“ и ја повика Европа да преземе поголема одговорност, нагласувајќи дека вистинскиот проблем на ЕУ не е Русија, туку внатрешните проблеми и неможноста да се дефинира заедничка безбедносна стратегија без САД.
Неговиот говор предизвика остри реакции кај европските и украинските претставници, додека во Русија предизвика ентузијазам.
Францускиот претседател Емануел Макрон свика итен состанок на лидерите на Европската унија во понеделник во Париз, сето тоа како одговор на најновите случувања поврзани со мировните преговори за Украина.
Оваа информација за Политико ја потврди полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски за време на говорот на Минхенската безбедносна конференција.
„Многу ми е драго што претседателот Макрон ги покани нашите лидери во Париз. Очекувам европските лидери да разговараат за предизвиците што ги поставува Доналд Трамп на многу сериозен начин“, рече Сикорски.
Не е јасно дали на состанокот ќе бидат вклучени сите лидери на ЕУ или само помала група земји и дали ќе бидат поканети и други европски лидери како британскиот премиер.
Вчера се одржа и средба меѓу Џеј-Ди Венс и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Да потсетиме, Доналд Трамп претходно најави итен почеток на мировните преговори за ставање крај на војната во Украина по „продуктивниот разговор“ со Владимир Путин.
Можеби ќе ве интересира
ТРАМП ПЛАНИРА ДА ГО ОГРАНИЧИ ПАТУВАЊЕТО ВО САД ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД 41 ЗЕМЈА: Еве кој е на списокот поделен во три групи

„УКРАИНА НЕ ТРЕБАШЕ ДА ПРОВОЦИРА НЕКОЈ ПОСИЛЕН“: Трамп смета дека и најдобрата воена опрема не ѝ е доволна на Украина против Русија

ИМА НАЧИН ДА СЕ СЛЕДИ ДАЛИ ПРИМИРЈЕТО ФУНКЦИОНИРА: Зеленски даде предлог

(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ УЧИЛИШТА, УЛИЦИ ПОД ВОДА: Поплави погодија делови од Италија

САД Е НА ПОТЕГ: Украина е спремна да потпише за минералите

СЕ ОДНЕСУВА ЗА СТРАНЦИТЕ: Путин издаде забрана за Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје

ОДМОР ЗА ЕДНО ЕВРО: Италијански град има конкурс, ќе ги награди најкреативните видеа

ТРАМП ЗБОРУВАЛ СО ПУТИН: Го замолил за една работа врзана за Курск

КАКВА КАТАСТРОФА ЗА НАЈПРЕСТИЖНИОТ ИСТРАЖУВАЧКИ ЦЕНТАР, ЏОН ХОПКИНС: По ударот од Трамп, универзитетот ги гаси истражувањата и работните места
