Макрон следниот месец во Скопје и Тирана?

Објавено во: Балкан 21 Октомври, 2019
Францускиот претседател Емануел Макрон се очекува да ги посети Албанија и Северна Македонија следниот месец.
Во својот јавен коментар по блокирањето на започнувањето на преговорите со овие земји со ЕУ, тој рече дека ќе се сретне со премиерите Еди Рама и Зоран Заев за да разговараат за реформите и чекорите што државите од Западен Балкан мора да ги преземат.
Со својата посета, Макрон се чини дека има за цел да им докаже на Албанија и Македонија дека европската перспектива на овие земји е отворена и Франција ќе им помогне да ја постигнат оваа цел.
Дипломатски извор во Тирана за Exit.al изјави дека нема детали за оваа посета, бидејќи неодамна беше решено и сè уште останува во принцип само ветувањето.
Макрон последен пат го посети Балканот со гостувањето кај Србија на 16 јули, по одржувањето на Самитот во Париз за преговорите меѓу Србија и Косово.
Се чини дека критичката реакција на многу европски земји на практичното француско вето на Албанија и особено на Северна Македонија, го натера Макрон конечно да ги посети двете земји.
Можеби ќе ве интересира
Србија ќе подели 150.000 празни селски куќи на млади брачни двојки

Американците не сакаат да слушнат за Голема Албанија или Голема Србија

ОД ДЕНЕСКА НЕМА ВАКЦИНИРАЊЕ БЕЗ ЗАКАЖАН ТЕРМИН - српската Влада ги повикува граѓаните прво да се регистрираат

Се дозна по чии налог бил прислушуван Вучиќ и каде завршувале транскриптите - еве што кажа раководителот на Управата

Грција регистрира позитивни случаи на новиот сој на граничните премини

БЕШЕ СЕРИОЗНО: Воспаление на целиот абдомен, белите дробови.... - Чеда Јовановиќ прв пат во јавноста по излегувањето од болница
