Мал чекор напред постигнаа македонските и бугарските историчари

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2021
Од состанокот на македонско – бугарската комисија денеска има мал напредок.
„На денешната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, на која се дискутираше за усогласување на содржината во записниците од деветтата и десеттата средба беше постигнат напредок“, соопштиле за МИА извори од комисијата.
Следната средба треба да се одржи на 25 и 26 февруари. Лани во декември средбата заврши без напредок. За ликот и делото на Гоце Делчев ќе се разговара, а ставовите се разидуваат и за Цар Самоил. Бугарските политичари постојано ја форсираат тезата дека во македонските учебници имало говор на омраза кон Бугарите.
Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју во емисијата Трилинг на ТВ 24 рече дека тој сака целосно признавање од страната на Бугарија, без притоа да се оспоруваат корените.
Можеби ќе ве интересира
Гаши за БГНЕС: Требаше вие први да ни доставите вакцини, а не Вучиќ

Од МВР до Паркот Жена Борец: Жените ќе маршираат и за расчистување на „Јавна соба“

Спасовски за 8 Март: Ќе се формира посебна полициска единица против родово насилство

Прашавме Македонци, Албанци, Роми што мислат за вработување во приватен сектор по етнички клуч?

ЕУ ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА СИТЕ ВАКЦИНИРАНИ: Дури шест земји членки на ЕУ набавуваат источни вакцини, иако Брисел сè уште не ги одобрил

Свадбарите дома, хотелот под клуч: Растурена свадба во Тетово

МИЦКОСКИ Е ПОДОБРО И ПОВИКУВА НА БИТКА СО ВЛАСТА - наведната глава сабја не ја сече, но мора да се исправиме

Апасиев и Левица се пофалија дека нивниот притисок ја натерал Владата да ја набави Спутник В - само дишење во врат за да работите

И РОСЕН ПЛЕВНЕЛИЕВ ГО СПОМЕНУВА ТИТО - зошто бугрските политичари се преокупирани со минатото
