25 Април, 2024
0.0298

МАЛКУ ЛИ СЕ ПАРИТЕ ЗА ПРОСВЕТАРИТЕ - Зошто СОНК не ги сака владините 10 отсто

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Размислуваа, мереа, и одлучија - не им се доволни 10 проценти зголемување на платите од април идната година како што нуди Владата. Ваква одлука вчера едногласно донел Советот на Синдикатот за образование, наука и култура, СОНК. 

Синдикалците со „контра“ барање до власта и до министерот за образование, Арбер Адеми. Бараат платите да се зголемат повеќе, и тоа да се случи не од април, туку веќе од јануари идната година. На Владата и дадоа рок од 15 дена да размислува, и ако нивните барања не ги исполни дотогаш, на 11 ноември ќе има генерален штрајк. 

Што го натера Синдикатот да се закани со прекин на работата на сите основни и средни училишта, и покрај владината понуда платите на образовните работници да се зголемат за 10 отсто?

Синдикалците велат дека овие пари се малку, а од Владата бараат и исполнување на колективните договори, исплата на регресот за годишен одмор К-15, како и на дополнителите часови работа. 

Премиерот Зоран Заев очекува разбирање од СОНК. Според него, платите на просветарите навистина се ниски, но се прават напори да се најде заедничко решение. 

„Правиме максимални напори. Ако тие се откажат од 10 отсто, фала богу и така тешко ги наоѓаме парите, ако не, не знам, ќе разговараме било што. Ние може да го споделиме и дадеме тоа што можеме да го дадеме, тоа што го нема е букавлно и невозможно. Сакам да испратам порака на разбирање, заради тоа што навистина ние сме свесни дека се ниски платите во образовниот процес, ги правиме просеците и паралелите со соседството, со целиот регион, но дефинитивно капацитетите на државата се токму тие“, рече премиерот Заев. 

Во последниве две години, платите на наставниците и професорите беа зголемени два пати за по пет проценти.


Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг