19 Април, 2024
0.0326

МАЛМЕД: Возилата беа вон употреба, затоа ги продаваме

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Агенцијата за лекови и медицински средства достави одговор на новинарските прашања упатени од „Фактор“ во врска со натписот за продажбата на седум возила, од кои поголемиот дел се само десетина години стари, односно произведени во 2008, во кој се вели дека тие се вон употреба.

Станува збор за четири автомобили Шевролет Спарк со година на производство 2008, сила на мотор 48,5 киловати и зафатнина на моторот 995 сантиметри кубни Проценката е направена на 22 април 2019 и се ставени на продажба за почетна сума од 46.800 денари за секое од возилата.

„Агенцијата за лекови и медицински средства постапувајќи по заклучоците донесени од Владата на Република Македонија во кои се бараше од органите на државната управа да достават информација за возилата со кои располагаат, а кои не се во возна состојба и се неупотребливи, достави одговор до Владата дека располага со седум возила кои не се во возна состојба, истите се истрошени, амортизирани и не се регистрирани.

Шест од наведените возила Агенцијата ги доби со Одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Агенцијата за лекови од претходниот корисник – Министерството за здравство. Потенцираме дека овие возила веќе беа користени од Министерството за здравство и истите беа амортизирани и се наоѓаа во лоша возна состојба.

Едно возило Volkswagen марка Golf GTI и беше отстапено на Агенцијата со Одлука за давање согласност со Решението за отстапување на одземен предмет со правосилна одлука на Агенцијата за лекови и медицински средства од 28.10.2015 донесена од Владата на Република Македонија. Отстапеното возило, исто така не беше во возна состојба.

Од причина што вработените во Агенцијата секојдневно ги користат возилата за извршување на своите работни задачи, во периодот 2016-2017 одговорното лице одлучи да се набават 3 нови возила за потребите на Агенцијата“, се вели во одговорот на МАЛМЕД.

Од таму велат дека автомобилите се уште не се понудени на продажба, но дека постапката е во тек и дека возниот апрк е веќе обновен. Во изминатиот период МАЛМЕД има набавено вкупно шест нови возила – една Skoda Octavia Ambition 1,6TDI и две Volkswagen UP 1.0 во 2019, како и една Skoda Rapid Limosine Active 1.6TDI и две Skoda Rapid Spaceback Ambition 1.2TSI во 2017.

Продажбата ќе се изврши поединечно по пат на електронско јавно наддавање преку електронскиот систем на Управа за имотно – правни работи, а проценетата вредност е од Бирото за судски вештачења 

Можеби ќе ве интересира

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен