МАЛОЛЕТНИК ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА ОТКАКО ГО УДРИ МОПЕД - Возел велосипед кога се случила несреќата
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2023
При судар меѓу мопед и велосипед возачот на велоспидеот кој е малолетник се здобил со тешки телесни повреди и завшил во клиничката болница во Битола.
Како што соопштуваат од МВР, несреќата се случила на улицата „Охридска“ во Битола, при што мопедот кој бил управуван од М.М. од Битола се судрил со велосипедот.
Велосипедистот завршил во болницата во Битола, а увид во несреќата извшила полициската екипа на Битола.
- На 18.10.2023 во 14.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Охридска“ во Битола се случила собраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.М.(42) од Битола и велосипед кој го управувал малолетник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а М.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола - пишува во билтенот на МВР.