19 Април, 2024
0.0269

МАН: МВР во најкус рок да ги открие партиските ботови кои им се закануваат на новинари

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро ги осудува заканите по безбедноста на новинарите, загрозување на безбедноста на нивните семејства, како и политичкиот притисок кој се засилува од ден во ден.

- Последниот пример со заканите по безбедноста на новинарот и уредник Љупчо Златев, како и на неговото семејство само покажува дека слободата на медиумите сериозно е загрозена, наспроти паушалните оценки на владата дека нема политички притисок.

Ја повикуваме партијата на власт да си ги заузда партиските ботови и да престанат со јавните хајки, заканите кон новинарите и нивните семејства.

Го повикуваме министерството за внатрешни работи најитно да го расветли овој случај до крај, без разлика кој и да е заканувачот.

Ги повикуваме сите новинари кои се цел на закани и политички притисок да ни се обратат, истите да ги пријават, а правниот тим на МАН им стои на располагање да им помогне.

Лицемерие е што министрите Поповски и Димитров заминале во Лондон и потпишале Глобалната заложба за слобода на медиумите. Македонија е црна точка на мапата по слобода на медиумите во ЕУ.

За овие, како и за претходните закани, известени се ЕФЈ и ИФЈ, како и странските амбасади во земјава.

Можеби ќе ве интересира

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата