28 Март, 2024
0.0261

Манчевски: Ако не ги ажурираат податоците, институциите нема да ја земат платата

Објавено во: Финансии 08 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација, синоќа рече дека институциите кои нема да ги ажурираат податоците во скапоплатениот систем за евиденција, за кој ревизорите утврдија дека не работи, нема да добијат плата.

- Не се евидентирани проблеми во финансиите, во ИТ-хоризонталните системи имаме проблем, големи пари се платени Едвај 80.000 службеници се евидентирани, а има 130.000.  Но со Агенција за вработување и УЈП се поврзавме. Ако не се ажурираат институциите, нема да може да ја земаат платата. Тоа не е страшна операција туку е  пренесување на податоците. Да си знаат дека се оди компјутерски и автоматски, ќе мора да си ги почитуваме законите, рече Манчевски синоќа во емисијата „24 Анализа“.

Инаку ревизорите утврдија дека државата потрошила милиони евра за да набави ситем за евиденција на вработените во јавната администрација и така да ја зголеми нивната ефикасност, но иако последните години дополнително за него се трошени многу пари, тој не функционирал. 

Станува збор за таканаречениот „Интергиран систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР) кој во 2014 година бил платен два милиони евра. Кај службениците треба да ја организира персонална евиденција, пресметката на плата, генерирањето извештаи и управувањето со учинок. 

Во системот не се внесувале податоци од дури 201 институција, кои немале внесено ниту еден вработен.



Можеби ќе ве интересира

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман