28 Март, 2024
0.0282

Манчевски гледа иднина во обновливи извори на енергија

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Република Македонија мора да го зголеми сопственото производство на електрична енергија и да го намали увозот, притоа водејќи сметка за зачувување на чистата животна средина преку поголема експлоатација на обновливи извори на енергија. Тоа денеска во Охрид го посочи министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на отворањето на десеттото Советување на „МАКО СИГРЕ“ на кое фокусот на дискусиите ќе биде ставен токму на прашања од областа на електроенегетиката.

Советувањето во Охрид Манчевски го оцени како добра можност за контакт на индустријата, академијата и јавниот сектор, на која ќе се уредуваат и договараат следните политики во областа на енергетиката.

Во рамки на Советувањето беше потпишан Договор за соработка меѓу Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од Скопје и КОНЧАР – Инженеринг за енергетика и транспорт (КЕТ) од Загреб, кој предвидува реализација на научно-истражувачки и развојни проекти, размена на знаења и донација на опрема

Министерот Манчевски за потпишаниот договор рече дека е извонреден пример како научниот треба да соработува со приватниот сектор и добра најава за плановите на Владата за формирање бизнис-акцелератор и технолошки парк кој на сличен начин ќе им помага на младите да почнат сопствен бизнис во делот на информациските, комуникациските технологии, секако и во делот на иновациите во сферата на електроенергетиката.

Рубин Талески, претседател на „МАКО СИГРЕ“, за плановите за изградба на капацитети за производство на енергија од обновливи извори забележа дека преостануваат само мал дел од оние ресурси што спаѓаат во евтини енергетски потенцијали.

Евтините потенцијали се веќе изградени, остануваат скапите проекти како хидроцентрали. Електричната енергија произведна од сонце засега не е конкурентна за овие пазари, оттаму што економската моќ на домаќинствата за нејзино користење е се уште мала, рече тој, забележувајќи дека ветерниците немаат некаков позначаен потенцијал кога е во прашање Македонија поради нејзината географска положба и конфигурацијата на теренот.

Претседателот на Управниот одбор на „ЕВН“ Штефан Петер ја нагласи потребата од инвестиции во енергетскиот сектор, но и во иновациите во областа на информатиката како област што преку новини како паметни броила, современи мрежни системи придонесува за стабилен и ефикасен енергетски систем.

Во врска со одлуката на Владата за враќање на евтината тарфија на струјата за домаќинствата, Петер истакна дека усогласувањето на броилата започнува веќе утре, притоа уверувајќи дека сите 800 илјади домаќинствата до крајот на идниот месец ќе имаат дневна евтина тарифа, пред почетокот на грејната сезона.

На советувањето во Охрид најавено е присуство на над 300 учесници, а се очекува да бидат презентирани 108 стручни и научни трудови од областа на елктроенергетиката. Ќе бидат присутни инженери од трите големи електроенергетски компании во Република Македонија, „ЕЛЕМ“, „МЕПСО“ и „ЕВН“, кои континуирано ја поддржуваат работата на „МАКО СИГРЕ“, како и претставници на водечки домашни и светски компании од индустријата.

Работниот дел на Советувањето започна со панел-сесија посветена на мрежното и пазарното поврзување на земјите од Југоисточна Европа.


Можеби ќе ве интересира

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити