23 Април, 2024
0.0959

Манчевски: И опозицијата да се вклучи во оптимизацијата на работните места

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација, ја повика и опозицијата да се вклучи во „оптимизацијата“ на работните места во јавниот сектор, со која државни службеници со понуда од три пакети ќе треба да прифатат ново вработување кај приватен работодавач. 

- Мора да се договориме искрено да влеземе во ова, ќе иницирам решение заедничко со опозицијата. Тоа е потребно за да нема циклични решенија. Да имаме еден концепт за најбезбелно, човечно решение на проблемот, рече Манчевски како гостин во емисијата „360 Степени“.

Тој додаде дека за овој предлог од министерството имале некоку работни средби со коморите и синдикатите и дека некои предлози биле на ресорот, а други од другата страна во преговорите.

- Понуда за отпремнина беше наш предог, да им се плати преквалификацијата беше на член на комората. Отвараме дебата, луѓето ќе бидат вклучени од самиот почеток.  Имаше четири комори со свои претставници. Тоа е веќе еден месец пред да ја дадам изјавата за пакетите, наведе Манчевски.

За него станува збор за вишок работни места, а не вишок вработени и се работи за три пакети на доброволна основа кои би биле поволни и за вработените и за приватниот сектор кој би ги зел кај себе.

- Јавноста е и премногу сензитивна но треба да знае дека вработен со средно образование со 16.000 во јавните служби кога ќе се префрли во приватно ќе добива 22.000 во приватниот сектор, а државата ќе му ги плати придонесите на приватникот, рече Манчевски.

Тој најави и формирање на дигитална агенција со општа ИТ-служба од каде што ќе бидат испраќани администратори да интервенираат во институциите каде што имаат недостиг на таков свој кадар.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска