25 Април, 2024
0.0524

Манчевски не верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивна опозиција

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски во интервју за „Јуропиан Вестерн Балкан“ вели дека приоритетите на новата Влада се поврзани со итните реформи, кои неколку години наназад се нотирани во европските извештаи, но и во извештаите за реформските приоритети за Македонија.  

Манчевски  изјави дека тие се поврзани со владеењето на правото, човековите права и подобрување на животниот стандард на жителите на Македонија.

Тој  не верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивна опозиција.

„Да бидам искрен, го очекувам најлошото од нив. Се надевам дека ќе ми докажат дека грешам, но генерално гледано, додека не спроведат внатрешни реформи, или барем да во сменат нивниот лидер Никола Груевски, не верувам дека постои основа ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна партија за било кое прашање, па дури и кога станува збор за меѓународни прашања. Тие ќе се обидат да ги влошат нашите односи не само со Србија, туку и со Грција, Албанија, Бугарија, со сите“ – вели Манчевски.

Манчевски вели дека ќе биде потребно време за да се нормализира ситуацијата во Македонија, бидејќи општеството е екстремно поделено, не толку многу по етничка колку што е по интраетничка основа. Сепак тој оценува дека евроинтеграциите мора да се забрзаат, особено и поради позитивните сигнали кои доаѓаат од Брисел.

Во поглед на односите со соседните земји, тој вели дека со Албанија немаа големи политички проблеми кои би можеле да бидат пречка за идните билатерални односи, но дека се Србија е потребно да се подобрат имајќи предвид дека политичката елита во предизборниот период во Србија ја користеше фразата „Македонско сценарио“.

Можеби ќе ве интересира

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски