МАПА НА МРЗЛИВОСТ: Каде сме ние?
Објавено во: Свет 16 Јули, 2017
Американски научници од Стенфорд универзитетот направија мапа за мрзливост на која е прикажано во која земја колку луѓето се физички активни.
На врвот е Хонг Конг каде луѓето прават по 6.880 чекори дневно, а на дното е Индонезија со 3.513 чекори дневно.
Во САД и Мексико луѓето приближно се движат, но Американците се подебели.
Во Србија луѓето прават по 5000 чекори во просек, а слична е состојбата и со Македонија.
Јапонците прават по 6000 чекори дневно, Шпанците нешто помалку од 6000, Бразил нешто над 4000.
Во Шведска е мал јазот меѓу неактивни и активни луѓе, а со тоа и бројот на дебели луѓе е мал.