Маричиќ и Тошковски во жестока дебата: Снимките на Милошоски и ЗЈО ги „препукаа“
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2020
Мафијата на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да зададе последен удар врз судството, обвини Бојан Маричиќ од владеачката СДСМ за време на синоќешната дебата на Алсат на која имаше жестоки препукувања меѓу него и претставникот од ВМРО ДПМНЕ Панче Тошковски .
Во фокус на дебатата беа “бомбите“ кои што пратеникот Милошоски ги достави до ОЈО а се однесуваат на екс премиерот Зоран Заев.
Според Маричиќ снимката е доказ дека било неопходно донесување на законот за ЈО и дека ВМРО ДПМНЕ немаат мерка колку лаги можат да изустат само за да ја извртат вистината во своја корист.
Од друга страна пак Тошковски вели дека снимките јасно покажуваат дека без Заев не може да фунцкионира ни судството ни обвинителството и дека под негова контрола бил и Врховниот суд но работата на Катица Јанева.
Тошковски бара секој кој се огрешил пред Законот да одговара.
Меѓудругото Маричиќ истакна дека неговата партија е на располагање и по изборите да разговара со ВМРО ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство кој беше протуркан пред да се распушти Законодавниот дом.