29 Септември, 2024
0.0348

Маричиќ: Не е притисок врз судиите ако сум побарал на јавноста да и се објасни одлука

Објавено во: Македонија 29 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Министерот за правда Бојан Маричиќ во своето гостување во „Утрински брифинг“ кажа дека за него не е мешање во судството, ниту пак притисок, ако побарал судиите на јавноста да ѝја објаснат својата одлука. 

„Прво би сакал да објаснам дека ниту на каков било начин имам влијаено ниту ме интересира влијание врз одлуките на судот. Она што го направив пред неколку дена во јавната реакција е повик на судиите да си ги објаснат своите одлуки на јавноста“ кажа министерот за правда, Бојан Маричиќ во „Утрински брифинг“.

Министерот за правда смета дека сосема е логично ако одговорноста за одлуките ја преземе независното судство и тоа независно судство да ги објасни одлуките на јавноста.

Министерот за правда додаде дека многу честа е ситуацијата каде што и за добри а особено за лошите одлуки или да речеме недоволно издржаните одлуки на судовите и обвинителството секогаш да биде виновна извршната власт.

„Единствен притисок кон судиите и Судскиот совет од моја страна е да ја вршат работата чесно, професионално и одговорно во рамките на законот. Доколку јас сум користел притисоци, тоа сигурно нема да го правам јавно преку Фејсбук статус. Јово Вангеловски и Михајло Маневски добро знаат што е притисок врз судството. Во тоа време немаше Фејсбук статуси, но затоа имаме меѓународни извештаи во кои се опишани механизмите со кои вршеле притисок“ кажа Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје