29 Март, 2024
0.0257

Маричиќ: Македонија тешко дека ќе ги добие сите 3 милијарди евра од ЕУ

Објавено во: Финансии 23 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Посебниот советник на претседателот на Владата за евроатлански интеграции Бојан Маричиќ не е оптимист дека Македонија ќе успее да ги добие, односно да ги потроши сите три милијарди евра, како максималната сума  испрограмирана во рамките на новиот буџет на ЕУ за третата генерација на претпристапна помош ИПА 3 

СДСМ вчера соопшти дека на Северна Македонија ќе и бидат достапни речиси 3 милијарди евра за овој седумгодишен период, но главниот технички преговарач со ЕУ денеска во „Утрински брифинг“ вели дека државата кандидатка треба да биде спремна за зрели проекти.

- Она што како бројка е битно е дека има скоро 12,6 милијарди за целиот регион. Таа е единствената бројка која е сигурна и однапред дефинирана. Бројката од 3 милијарди евра е достижна доколку навистина се надминеме во имплементирање на проектите. Нашата досегашна бројка или перформанс е меѓу 80 или 100 милиони евра годишно искористување на европски пари. Во овој момент се дефинирани или се додефинираат проектите кои што ќе се финансираат и парите кои што се програмираат во наредните 7 години, рече Маричиќ.

Тој наведе дека овие средства ќе бидат наменети за инвестирање во транспорт и инфраструктура, земјоделие, животна средина, правда и реформи во правосудството и други области кои се дефинирани и додаде дека доколку се покаже успех во имплементација на овие проекти и доколку се искористат максимално средствата достапни до регионалната ИПА можеме да дојдеме до милијардите кои што се споменуваат, но тие не се однапред гарантирани и зацртани.

- Средствата се за егзактни цели и домашни потреби. Како пример ќе дадам пречистителната станица во Скопје, справувањето со диви отпади во државата, значи има конкретни цели кои се во функција на домашните потреби поврзани со одредена политика. Тука е и процесот на декарбонизација, на користење на енергија без јаглен – сето тоа се политики кои се во интерес и на ЕУ и на Северна Македонија.

Овие неповратни средства нашата држава ќе ги добие како поддршка во грантови и проекти кои треба да го забрзаат економскиот развој и реформскиот капацитет. Според власта, овие средства се клучна алатка за поддршка на преговорите на Северна Македонија во наредниот седумгодишен период.



Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка