Добивај вести на Viber
Крај на Владата на Марио Монти. Италијанскиот премиер и официјално поднесе оставка, по што се се очекува претседателот Џорџо Наполитано да го распушти парламентот. 21 декември беше последниот ден за технократската влада од експертите на Италија. Монти си остана на ветеното и пред празниците го претстави последниот закон, подготвен од кабинетот - Законот за стабилност на земјата.
Во својот говор вчера Монти изјави дека неговото бурно 13-месечно управување било "тешко, но прекрасно" и изрази надеж дека планираните реформи ќе бидат спроведени од новиот лидер. Сега Италија има поголема доверба на меѓународната сцена, посочи тој.
Во последната година Италија ги смири берзанските пазари. Заслугата за ова е на кабинетот на Марио Монти, кој важи наметна сериозни мерки за штедење кај Италијанците.
Ако не беа вакви мерки, на Италија и се закануваше грчко сценарио. Инеку, според последните анкети, најмалку една третина од жителите на Италија се подготвени да гласаат на претстојните избори повторно за поранешниот европски комесар и професор Марио Монти. Изборите треба да се одржат во февруари.