25 Април, 2024
0.0269

Марјан Ристески: Претпријатија и сопственици јавно ќе жигосуваме доколку не помогнат

Објавено во: Економија 24 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) не ја прифаќа предложената мерка вработените во јавниот сектор, односно администрацијата, во седниот период да добиваат само минимална плата.

- Под административни работници припаѓаат голем број на јавни претпријатија. Еве да ја земемем шумската полиција. Гледате во овој период колку грабежи има и колку дрва се запленети. Затворската полиција во какви услови работи. Да не ги споменувам железничарите. Неколку пара возови во текот на изминатата ноќ беа опслужени со репроматеријали.. Како ќе им кажете дека сега тие треба да добиваат 14.500 денари плата, вели синдикалецот Марјан Ристески.

Тој смета дека Владата ќе ретерира од овој предлог затоа што мерката е непопуларна и дека ќе ја прифатат пораката од сите синдикати.

- Сите фирми ги зедоа за багателна сума на пари и сега олигарсите се тие кои треба да се покажат. Работниците се оставени без заштита, а таков господин си го прскаше џипот со дезинфекционо средство. Сега треба да се покажат, а не да плачат кога има криза, вели Ристески.

Тој побара еден претставник на синдикатите редовно да присуствува на владините седници и дека се прави листа на претпријатија и стопанственици кои јавно, како што вели тој, ќе бидат жигосани доколку не помогнат во кризата. 

- Како што Владата се повлече од прогресивниот данок кога се пожалија бизнисмените, така сега нека не послуша и нас. Ние како работници никогаш не сме ја оставиле државата на цедило. Во моментов има 250 директори во Македонија кои добиваат 10.000 евра месечна плата. Контрапродуктивно е да се намалува платата. Покрај тоа на страна не може ништо дополнително да заработи поради полицискиот час. Луѓе има под кирија. Нека дадат прво олигарсите половина, рече Ристески.

Открива дека во синдикалните организации веќе имало први размислувања за штрајк, но тој смета дека на крај ќе надвладее разумот и дека ќе нема потреба од тоа

Можеби ќе ве интересира

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра