29 Март, 2024
0.0255

Марјан Ристески: Синдикалната чест не се брани со рекетари и полиција

Објавено во: Економија 12 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Синдикалното движење во Македонија е во тотален колапс. Во моментов скоро и да не постои. Тенденцијата е  преку закани и притисоци да се уништи  и она малку што остана да згасне. Од една ваква состојба која моментално е присутна во ССМ постои опасност и оној мал број на работници кои се синдикално здружени да почнат да ја губат довербата во синдикатот. ССМ како најголем синдикат мора да претпри сериозни внатрешни реформи каде што работниците ќе го имаат главниот збор во водење на синдикалната политика,а не поединци да одлучуваат  во името на сите работници – вели Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата  на  Синдикални Организации на Македонија (КСОМ).

Тензичната атмосфера во ССМ  според него е очекувана реакција на незадоволство на неколку гранкови синдикати од работата на раководството кое со години преку притисоци ја покажува моќта пред неистомислениците.

“Ова што моментално се случува во ССМ можам да кажам дека е очекувано имајќи ги во предвид несогласувањата кои подолг период се случуваат во најтесното раководство на ССМ на условно кажано двете струи, едното демократско предводено од Дарко Димовски и другото од Живко Митревски. Сега е моментот сите да дадеме подршка на луѓето во ССМ предводени од Дарко Димовски да истраат во оваа борба зашто верувајте доколку не успеат не се предвидува светла иднина на синдикалните движења во Македонија”- вели Ристески.

Синдикалната активност и чест  додава дека не се брани со рекетари и полиција.Работниците како што вели треба да бидат најголем заштитник на претседателот на синдикат кој треба да биде претставник на нивните права и интереси.

“На тој начин се покажува немоќта на сегашното раководство и прашање на време е кога во ССМ ке дојде до промена на раководството. Не треба функцијата председател на синдикат да се сфака како моќ, како титула,напротив тоа е активизам,  а не функција”- потенцира Ристески.

Тензиите вели мора да бидат разрешени што побрзо на еден демократски начин,  низ институциите на системот.Недозволиво е според Ристески во разрешницата на оваа состојба власта да завзема страна, а најмалку е потребно вклучување на полиција и насилници.

“Владата  поточно Министерството за труд и социјална политика веќе неколку години наназад свесно го штити претседателот на ССМ кое за возврат на таквата заштита е приморан да биде послушник на власта . Сведоци сме како перманентно се носат закони кои се на штета на работниците каде и понатаму се кратат работничките права.Денеска работниците  се соочуваат со големи проблеми.Нередовна исплата на плати и придонеси, мобинг на работни места,работниците работат во тешки услови без соодветна заштитна опрема,постојано стравуваат за своите работни места.Едноставно кажано денеска македонскиот работник се наога во многу тешка економска состојба”- објаснува Ристески.

Конфедерацијата  на Синдикални Организации изминатиов период преку синдикалните организации кои делуваат во нејзиниот состав  се обидела да покаже како треба да делува еден синдикат во заштита на правата на работниците. Меѓутоа според Ристевски во обид да го прошират своето членство  се соочиле  со огромни бариери и притисоци од власта.

“Наидувавме на тешки бирократски бариери кои доаѓаа поготово од Министерство за труд и социјална политика  за регистрирање на нови синдикати.Јас на неколку пати сум кажал, а и сега ке потврдам дека во Македонија полесно ќе регистрирате нуклеарна централа отколку синдикална организација,Тоа е тежок бирократски процес каде се бараат безброј документи и на крај завршуваат во фиоката на министерот”- вели претседателот на КСОМ.

Тој очекува  голема подршка во синдикалната борба од другите гранкови синдикати и граѓаните  во интерес на работниците чие достоинство вели  е погазено од власта, институциите, па дури и од оние кои ги претставуваат во синдикалните редови. Сферата на синдикалното дејстување за Ристески не се исцрпува и ограничува во рамките на идеологијата и активностите на поединци или тесното раководство. Синдикалното делување објаснува дека е организиран чин кој се однесува на работничките интереси и односи, кои може да се набљудуваат и како проекција на економските односи, што практично значи дека сето она што го засега  работникот е обврска и одговорност на синдикалните претставници.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат