21 Септември, 2019
0.0186

Марко Пејчиновски - СО СРЦЕ ЗА РЕТКИТЕ

Објавено во: Мои пари 23 Август, 2019

„После испливани преку 1000 км, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, браној, дожд, ладно и топло време, официјално ви кажувам дека на празникот Голема Богородица јас ќе пливам од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид.“ - откри Марко во порака до следбениците на својот Фејсбук профил.

„ …тоа е родено во мене... сѐ е дел од мене...од судбината...“ вели Марко Пејчиновски, 13 годишно дете-борец кој најави дека на 28 август 2019 година, празникот Голема Богородица ќе плива соло маратон Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид, патека во должина која е скоро пет пати поголема од неговата возраст – 64 километри.
Детето кое минатата година направи подвиг за паметење откако за околу девет часа го преплива Охридското Езеро од Св. Наум до Охрид, најмладиот пливач кој ја препливал оваа делница и со тоа се вброи во легендите на пливачкиот спорт, дете кое успеа и покрај тоа што има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, соочувајќи се со болката која му беше сопатник и противник, успеа да се соедини со водата и езерото и да ПОБЕДИ.



И оваа година на 28 август, Марко ќе влезе во костец со километрите. И пак ќе се соочи со себе и со езерото, но овој пат својата лична битка ќе ја посвети за повисока цел.
Ќе речете ЗА КОГО? ЗОШТО? КАКО?
ЗА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ. ЗА ДА ЈА ПОДИГНЕ СВЕСТА ЗА НИВНОТО МЕСТО И ТРЕТМАН ОД И ВО ОПШТЕСТВОТО. ЌЕ ПЛИВА ИСКРЕНО И ОД СРЦЕ , СО ЉУБОВ, од НЕГО „реткиот“ ЗА НИВ „РЕТКИТЕ“...ЗА ДА СТАНАТ ПОВИДЛИВИ, ПРИФАТЕНИ и НЕРАЗДЕЛЕН ДЕЛ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ...Ќе плива за НИВ, но и ЗА НАШЕ ОСВЕСТУВАЊЕ! Оти отсекогаш се знае дека децата имаат најчисто срце, а со тоа и нивните намери и желби се искрени и полни и токму затоа децата нѐ учат нас возрасните дека е наједноставно да го направиш светот поубаво место за живеење САКАЈЌИ ИСКРЕНО, ДАВАЈЌИ ОД СРЦЕ и ГЛЕДАЈЌИ ОКОЛУ СЕБЕ.
Токму поради сето горе кажано, оваа година Марко пред себе постави сериозно голем предизвик со исклучителна хумана цел - да го сврти вниманието на јавноста, а пред сѐ на општествените чинители кон лицата со ретки болести кои секојдневно бијат маратонски битки и се соочуваат животозагрозувачки препреки. Марко ќе биде гласот на овие луѓе кој на 28 август ќе се претвори во крик за поддршка на лицата со ретки болести и подобрување на нивниот статус во општеството, а пред сѐ на здравствената грижа за нив.
Затоа што сите имаме ист дом-Земјата, дишеме ист воздух, живееме под исто Сонце. Затоа што сите сме исти пред Бога, затоа што Е ЦЕЛО КОГА ИМА СЀ! И ЦЕЛО Е КОГА НЕ ЗАТВОРАМЕ ОЧИ ПРЕД „РЕТКОСТА“ туку ГЛЕДАМЕ СВЕСНО и СО ШИРОКО ОТВОРЕНИ ЗЕНИЦИ.
СО СРЦЕ ЗА РЕТКИТЕ!

Можеби ќе ве интересира

Уличниот дефект на Бул. Кочо Рацин бб е саниран

Уличниот дефект на Бул. Кочо Рацин бб е саниран

“Погледни лево десно, стигни до училиште лесно”, сообраќајна едукација за ученици поддржана од ИутеКредит

“Погледни лево десно, стигни до училиште лесно”, сообраќајна едукација за ученици поддржана од ИутеКредит

Прекинато водоснабдувањето на повеќе улици

Прекинато водоснабдувањето на повеќе улици

ИМПОРТЕРИТЕ НА НОВИ ВОЗИЛА ГО ПОЗДРАВУВААТ НОВИОТ ЗАКОН ЗА ДАНОК НА МОТОРНИ ВОЗИЛА

ИМПОРТЕРИТЕ НА НОВИ ВОЗИЛА ГО ПОЗДРАВУВААТ НОВИОТ ЗАКОН ЗА ДАНОК НА МОТОРНИ ВОЗИЛА

Санирани повеќе дефекти во Скопје

Санирани повеќе дефекти во Скопје

Дефектот во Визбегово е саниран

Дефектот во Визбегово е саниран

Детски цртачки работилници и изненадувања од Бимилк во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“

Детски цртачки работилници и изненадувања од Бимилк во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“

ХалкБанк открива факти за филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ – во фокусот наградите и наградените

ХалкБанк открива факти за филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ – во фокусот наградите и наградените

Успешно одржан HR Summit 2 во Скопје со говорници од Facebook, Gazprom, Heineken, Carlsberg...

Успешно одржан HR Summit 2 во Скопје со говорници од Facebook, Gazprom, Heineken, Carlsberg...