28 Март, 2024
0.0253

Мароко ќе биде домаќин на претстојното Генерално собрание на Светската организација за туризам на ОН во 2021

Објавено во: Мои пари 18 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Рабат, Мароко ќе биде домаќин на претстојното, 24то Генерално собрание на Светската организација за туризам на Обединетите нации (UNWTO) во 2021 година. Оваа одлука е донесена на 12 септември за време на 23тото Генерално собрание на Светската организација за туризам на Обединетите нации одржано во Санкт Петербург, Русија. 

Изборот на Мароко да биде домаќин доаѓа како резултат на гласањето на 107 делегации за време на Собранието, при што Мароко доби 76 гласа. По изборот Министерот за туризам на Мароко, Мохамед Сајид, изјави дека гласањето претставува уште една потврда за статусот на кралството како лидер во светскиот туризам. 

Оваа победа е на Мароко и на стратегијата на Кралот Мохамед VI да се постигне одржлив и инклузивен развој во сите сфери. Овој успех исто така ја покажува и привилегираната позиција на Кралството во полето на туризмот благодарение на развојот и стабилноста.“

Тој исто така изрази благодарност до земјите кои ја поддржаа кандидатурата на Мароко, велејќи дека ова е победа на целиот африкански континент. 

Светската организација за туризам е агенција на Обединетите нации која што е задолжена за промовирање одговорен, одржлив и универзално пристапен туризам. Оваа агенција го промовира туризмот како двигател на економскиот раст, инклузивниот развој и одржливоста на животната средина.

Извештајот за туризмот и туристичката конкурентност од 2019, издаден од страна на Светскиот економски форум, го рангира Мароко на прво место во регионот Магреб и на второ место во Северна Африка. Според светскиот индекс, Мароко се наоѓа на 66тото место со 3,9 поени со што го надминува просекот во регионот МЕНА, како и глобалниот просек.



Извор:

https://www.moroccoworldnews.com/2019/09/282477/morocco-upcoming-general-assembly-world-tourism-organization-2021/amp/


Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија