25 Април, 2024
0.0274

Мартенс: Останете и во иднина професионални како што сте досега, индустријата и стопанството пред нов предизвик

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство за Северна Македонија, Косово и Албанија


Сакам да ги искажам моите искрени честитки за 10 годишниот јубилеј на економскиот портал Фактор. Сметам дека е од особена важност постоењето на портал чиј фокус е само стопанството и кој не информира за економските случувања во земјата, но и во светот. Фактор е медиум кој не Ве уморува со политика.

За нас Фактор претставува портал каде вестите кои ќе ги прочитаме ги сметаме за релевантни, што е особено важно во време на лажни вести, каде секој поединец може да отвори портал и да пренесува буквално што сака.

Со Фактор соработуваме од самиот почеток на неговото постоење, имаме одлична соработка која се надевам дека ќе продолжи и во следните 10 години.

Честитки до сите уредници и новинари кои го сочинуваат овој портал, останете и во иднина професионални како што сте досега!

Со воениот нападот од страна на Русија врз Украина, но пред се индустрија во Европа се ставени пред нови задачи кои се нов предизвик за Европа.

Ова влијае на целокупното производство, почнувајќи со пекарите каде се произведува леб, па се до челичната индустрија.

Компаниите не се секогаш во состојба зголемените трошоци на производството да ги надоместат преку повисоки трошоците кон клиентите. Од овие причини некои од производителите се приморани привремено да го стопираат во целост производството што ќе доведе до нарушување на синџирите на добавувачи во Европа.

Драматично е дека во производство во сите овие фабрики чие производство работи на високи температури, самото функционирање на печките не дозволува нивно исклучување. Покрај индустријата за челик, погодена е и индустријата за преработка на стакло, пластика, фармацевтска и хемиската индустрија.

За индустриското производство во Европа мора веднаш се најде најскоро преодно решение за да се надминат следните месеци, како и да се овозможи конкурентно производство на индустријата со набавка на енергија од други земји.

Долгорочна цел и понатаму треба да е декарбонизација и следење на Green deal, односно да се форсира производство на енергија со обновливи извори на енергија и зелен водород, воедно истовремено Европа да успее да стане независна од увозот на енергија. 

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија