20 Април, 2024
0.0261

Мартовските пензии на располагање од 26 март

Објавено во: Мои пари 25 Март, 2020

Добивај вести на Viber

TTK Банка АД Скопје овозможи пензијата за месец март да биде на располагање почнувајќи од 26 март 2020 година, четврток, за сите пензионери кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

Во услови на засилени мерки за спречување на ширењето на корона вирусот (Covid-19), кога е потребно да се намали подигањето и употребата на готовината, ТТК Банка АД Скопје препорачува користењето на пензиите да се реализира со Visa картичките на ТТК Банка АД Скопје со можност за бесконтактно плаќање и плаќање преку интернет како и преку услугите и поволностите на електронското и мобилно банкарство со 24/7 бесплатен пристап и увид во трансакциската сметка и без трошоци за денарски трансакции  до 30.4.2020 година! 

При неодложна потреба за готовина, подигнувањето на пензијата приоритетно да се изврши преку мрежатабанкомати на ТТК Банка АД Скопје 24/7, така што при користењето на банкоматите да се внимава да се применуваат сите заштитни мерки против ширењето на вирусот.

Подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да се реализира секој работен ден, од понеделник до петок, во сите експозитури, почнувајќи од 8 часот. Во овој случај на неопходна посета на експозитура Банката апелира да се почитуваат правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри во редот и помеѓу редовите во експозитурата.


Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција