МАСАКРОТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ХАЈДЕЛБЕРГ НЕ ГО ПРЕЖИВЕА ЕДНА ОД ПОВРЕДЕНИТЕ: Студентката почина во болница, има уште тројца повредени
Објавено во: Свет 24 Јануари, 2022
Во попладневниот
напад во амфитеатарот на најпрестижниот германски Универзитет-Хајделберг, беа
повредени четри лица, но една од жртвите им подлегна на повредите. Таа почина
во болница, додека уште три други лица се повредени.
-Млада жена почина во болница од здобиените прострелни рани, изјави попладнево извор од германските безбедносни сили за француските медиуми.
Полицијата првично јави дека четири лица се повредени во денешниот напад. Нападот го извршил студент, кој подоцна извршил самоубиство, изјави извор цитиран од ДПА.
Нападот на најстариот универзитет во Германија беше извршен во амфитеатар и полицијата верува дека напаѓачот дејствувал сам.
-Веруваме дека имало само еден сторител. Сега не гледаме опасност за јавноста, соопшти полицијата еден час по првичната пријава за настанот.
Според весникот „Билд“, напаѓачот бил студент и откако повредил неколку лица, го свртел оружјето кон себе.
Неговиот идентитет не е објавен, а истражителите велат дека тој немал верски или политички мотиви