МАСК ГИ ПОКОРИ СИТЕ РИВАЛИ: Само ним не им недостигаат чипови, продажбата рекордна
Објавено во: Економија 24 Октомври, 2021
Компанијата на Илон Маск, Тесла, очигледно не е во криза, барем кога станува збор за чиповите.
Не само во конкуренција на електрични возила, туку и во сите автомобили, американскиот гигант подобро ги решава предизвиците: во периодот од јули до септември, Tesla испорача рекорден број возила, додека, на пример, други компании одлучија да го прекинат производството, токму поради недостаток на полупроводници.
Во споменатиот период, империјата на Маск испорача дури 20 отсто повеќе единици од лани, а приходот изнесуваше 13,76 милијарди долари (наспроти 8,77 милијарди од 2020 година). По минатогодишниот брз раст, акциите на Tesla се зголемија за речиси 30% во 2021 година, а веќе вредат повеќе од 900 долари.
Секако, нема да биде лесно да се оправда ваквото огромно вреднување на компанијата, иако Tesla има големи надежи од почетокот на производството во новите погони во Берлин и Тексас.
Да потсетиме, малезиските електронски компании, кои се во центарот на снабдувањето со основни чипови што ги напојуваат возилата, паметните телефони и домашните уреди, велат дека големите клиенти тропаат на нивните врати за да им гарантираат долгорочни понуди за преземање или плаќање и дека се подготвени дури да платат и повеќе ако е потребно “.