25 Април, 2024
0.0384

Маск тврди: Твитер бележи рекорден раст на бројот на нови корисници

Објавено во: Свет 28 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Маск тврди: Твитер бележи рекорден раст на бројот на нови корисници

Тој рече дека е забележан рекорден пораст на минутите на корисничка активност, така што просекот за седумдневниот период кој започнува на 15 ноември изнесува речиси 8 милијарди активни минути користење на Твитер.

Само еден месец по преземањето на Twitter, мултимилијардерот Илон Маск тврди дека компанијата забележува рекорден раст на нови корисници. Тој додаде дека порастот на дневните регистрации е за 66 отсто поголем во однос на истиот седумдневен период во 2021 година.

Тој рече дека е забележан рекорден пораст на минутите на корисничка активност, така што просекот за седумдневниот период кој започнува на 15 ноември изнесува речиси 8 милијарди активни минути користење на Twitter. Тоа претставува зголемување од 30 отсто во однос на истиот период лани. Исто така, Маск ја искористи можноста да нагласи дека има намалување на говорот на омраза.

Сепак, многумина сметаат дека неговите податоци за говорот на омраза се „дискутабилни“ и дека тие во најдобар случај претставуваат „нецелосна“ слика за ситуацијата. Една од причините е што податоците вклучуваат само твитови на англиски јазик. Нема финансиски податоци, а Маск претходно им кажа на вработените дека Твитер губи толку многу пари што банкрот не е невозможен. Неодамна објавените бројки покажуваат дека Twitter изгубил 50 од своите 100 најдобри огласувачи откако Маск ја презеде функцијата.

Сепак, тој рече дека Твитер е на пат да надмине една милијарда месечни активни корисници за 12 до 18 месеци, а тоа ќе бара драматично зголемување на новите корисници. Платформата оваа година има 450 милиони месечни активни корисници.


Можеби ќе ве интересира

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!