Маски ќе носиме до следната пролет: Летото беспомошно за коронавирусот
Објавено во: Балкан 04 Јули, 2020
Вирусот ни кажа јасно дека за него нема сезона, нема намалување значајно во текот на летото, ниту пак се очекува во кое било годишно време, вели епидемиологот д-р Предраг Кон од Србија. Во Србија сега се задолжителни маските на која било затворена локација, а КОн велчи дека маски ќе носиме сигурно до следната пролет. Смета дека вирусот ќе биуде доста активен можеби и две години.
Ова ќе биде во бранови, можеби пак ќе имаме пад, но штом дојде до отпуштања ќе има и раст и така ќе биде до пронаоѓањето вакцина. Ако не биде пронајдена, ќе се заразиме сите, ама буквално сите или барем повеќе од половина до светската популација, вели Кон.