Маскирани и вооружени тероризирале и ограбиле семејство на „Дижонска“
Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2017
Грабеж како од хорор филм е извршен во семејна куќа на улицијата „Дижонска“ во Скопје. Маскирани крадци со пиштоли упаднале во куќата и ги нападнале домаќините во обид да ги ограбат.
- Истите врзале две жени што биле во куќата, додека едно машко лице го повредиле во пределот на главата, по што извршиле пребарување и одзеле златен накит, информираат од полицијата.
МВР посочи дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.