20 Април, 2024
0.0256

Масовен протест во Белград на опозицијата и на граѓаните од „Еден од пет милиони“

Објавено во: Балкан 13 Април, 2019

Добивај вести на Viber

По четири месечните протести ширум Србија, денеска во 15 часот во Белград пред Собранието започна најавениот голем протест на опозицијата. Според слободни проценки, пред српското Собрание има десетици илјади лица, најмногу досега, кои и покрај опструкциите за превоз до Белград, успеаа да дојдат од цела Србија.

Од друга страна, уште од синоќа во српскиот Параламент, но и во градското Собрание на Белград, како и во општините, се наоѓаат пратеници од владејачките партии, кои ги бранат овие институции од, како што велат, „упади на насилници“.

Во српското Собрание присутни се и полициски сили.

Десетици илјади граѓани засега мирно и достоинствено протестираат, а досега на говорницата говореа повеќе јавни личности, меѓу кои и новинарот Срѓан Шкоро, професорот Чедомир Чупиќ, актерот Сергеј Трифуновиќ и други.

Од нивните говори, но и од скандирањата на присутните на протестот, испратена е порака до претседателот Александар Вучиќ да поднесе оставка. Истото се бара и до целото државно раководство. Оставки, слободни и фер избори и слобода за медиумите, се барањата на опозицијата.

На протестот „Сите како еден – Еден од пет милиони” прочитани се барањата за формирање заедничка комисија на власта и опозицијата за дефинирање на фер и  праведни изборни услови, избор на нов состав на Регулаторниот тело за електронски медиуми (РЕМ) и избор на технички и уредувачкиот тим на Радио-телевизија Србија и Радио-телевизија Војводина.

Претставниците на протестот „Еден од пет милиони” порачаа дека се подготвени за разговор со надлежните органи и оти во следните денови ќе делегираат претставници за сите три предложени работни групи.

-За започнување на дијалогот, ние не само што ги определивме претставниците на опозициските партии, туку и претставниците на здруженијата, беше нагласено од собирот.



FOTO: DUŠAN MILENKOVIĆ / RAS SRBIJA


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест