Масовниот убиец од Нов Зеланд посетил уште една балканска земја
Објавено во: Свет 21 Март, 2019
Според словенечката полиција, напаѓачот од Австралија, Брентон Тарант, кој уби 50-тина муслимани во две џамии во новозеландски Крајстчерч, слетал на аеродромот во Љубљана во април 2016 година, но не се знае засега каде престојувал.
Во претходните години, Брентон Тарант, исто така, беше во неколку други земји во Југоисточна Европа, а потврдено е во Бугарија, Хрватска, Турција и Грција.
Тарант пристигнал во Словенија со авион од Истанбул и само неговото доаѓање на аеродромот Брник засега е евидентирано, соопшти словенечката полициска управа.
Меѓутоа, не се познати и други податоци за неговото движење во Словенија и колку време престојувал.
Како што објаснуваат на полицијата, тие немаат информации дали Тарант престојувал во некој од хотелите или преноќиштата во Словенија, бидејќи нивните сопственици не се обврзани да чуваат податоци од пред неколку години.
Има обиди и да се открие дали изнајмил автомобил, но засега тоа оди без успех.