МАТЕЈ СО ПРИЈАТЕЛКА ОД СПЛИТ ГО ИМАЛ ПОСЛЕДНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР: Ќе ја реши ли таа мистеријата со исчезнувањето на момчето од Сплит?
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2022
Се работи за сестрата на пријателот на Матеј со која е многу близок, а девојката, како што пишуваат медиумите во Србија, во првиот разговор ѝ рекла на полицијата дека не го слушнала добро затоа што имало гласна музика во Готик.
Српските полициски инспектори и хрватските колеги истражуваат што и рекол Матеј Периш на сестрата на пријател од Сплит пред да исчезне. Последниот телефонски разговор го имал со пријателка ноќта меѓу 30 и 31 декември, а полицијата смета дека таа може да ја разреши мистеријата на овој случај. Се слушнал со неа непосредно пред да замине од белградскиот клуб Готик, по што исчезнал.
Откако истражителите од Хрватска најавија дека ќе им помогнат на своите српски колеги во истрагата и ќе ги преиспитаат шестмина пријатели на Матеј со кои бил во Белград, посебно внимание ќе посветат на сослушувањето на девојката со која Периш го имал последниот телефонски разговор на кобната вечер знаејќи дека таа е сестра на неговиот пријател и дека се многу блиски, пренесува Курир.
- Припадниците на белградското МВР го прегледаа списокот со повици на Матеј Периш и утврдија дека тој е последен на списокот со пријателка од Сплит. Таа не им ги откри деталите од разговорот и истакна дека едвај го слушнала од музиката. Хрватската полиција подетално ќе ја испита бидејќи верува дека барем приближно можела да им ја објасни причината поради која Матеј го напуштил клубот - вели извор близок до истрагата.