27 Октомври, 2021
0.0217

МАТЕМАТИКИТЕ НА РКЕ ГО ПОЕВТИНИЈА ДИЗЕЛОТ, ПАЃА ЗА ДЕНАР И ПОЛОВИНА - бензините остануваат со исти цени

Објавено во: Економија 20 Септември, 2021

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,181 ден/кг.

РКЕ со денешната одлука врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за  0,25 отсто во однос на Одлуката од 13.9.2021 година.

„Кај крајната цена на дизелот има намалување како последица на анулирање на дополнителната акциза за дизелот од 2 на 0 денари за литар. Во првите две недели од месецот заклучно со 15 септември регистриран е раст на берзанската цена на дизелската фракција која служи како основа за пресметка на малопродажната цена на дизелот. Растот на берзата е поголем од 600 USD/ton, со што се исполнува условот да не се пресметува дополнителната акциза кај дизел горивото. Ние ги доставивме овие податоци до Министерството за финансии и Царинската управа, што всушност ни е законска обврска  два пати во месецот да ги информираме за движење на берзанските цени на нафтените деривати за да знаат дали се пресметува дополнителната акциза или не“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Од 21.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95      73,00  (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98       75,00  (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)      62,00  (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   64,00  (денари/литар)

Мазут М-1 НС  39,181  (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзиво просек бележат намалување: бензинот за 1,160 отсто, дизелот зголемување за 3,228 отсто, кај екстра лесното маслоза 3,131 отсто и кај мазутот имазголемување за 1,992 отсто.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,586 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Историски ден за македонскиот стартап екосистем, eве зошто

Историски ден за македонскиот стартап екосистем, eве зошто

Заев објасни дали ќе имаме зголемена инфлација и енергетски ценовен шок

Заев објасни дали ќе имаме зголемена инфлација и енергетски ценовен шок

Мицкоски: Ќе се вратиме 40-50 години наназад кога домаќинствата се соочуваа со недостаток на електрична енергија

Мицкоски: Ќе се вратиме 40-50 години наназад кога домаќинствата се соочуваа со недостаток на електрична енергија

Растат платите во Србија, просечната се искачи на 550 евра

Растат платите во Србија, просечната се искачи на 550 евра

Заев вели дека и во време на пандемија се зголемуваат платите, а тоа е реткост во Европа

Заев вели дека и во време на пандемија се зголемуваат платите, а тоа е реткост во Европа

НАЈЧЕВСКА ПРАШУВА: Зошто во земјава не се стимулира ставање панели на секоја куќа и кому му одговара да останеме енергетски зависни

НАЈЧЕВСКА ПРАШУВА: Зошто во земјава не се стимулира ставање панели на секоја куќа и кому му одговара да останеме енергетски зависни

БЕКТЕШИ: Убеден сум дека ниту по први јануари нема да има големи ценовни шокови кај електричната енергија

БЕКТЕШИ: Убеден сум дека ниту по први јануари нема да има големи ценовни шокови кај електричната енергија

На Балканот и натаму се градат нуклеарни централи, Македонија нема стратешка резерва

На Балканот и натаму се градат нуклеарни централи, Македонија нема стратешка резерва

Скопска фирма со еден вработен направи пола милион евра профит!

Скопска фирма со еден вработен направи пола милион евра профит!