18 Мај, 2021
0.0350

Матичните броеви се разликувале во последните три цифри: Мицкоски тврди дека 20.000 луѓе имаат по два матични броја

Објавено во: Македонија 15 Април, 2021

Џадин Адемовски лицето за кое се тврдеше дека е лажниот идентитет на член на турскат мафија Џедат Пекер има практично два матични броеви. Едниот на негово име со адреса во Чаир, другото на извесен Џеладин Адемовски од Сарај. Двата матични броја се идентични во првите десет броја, а различни се само последните три броја. Аферата наречена Мафија 2 денеска ја обелодени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на брифинг со новинари. Од партијата тврдат дека имаат сознанија дека во Македонија постојат над 20.000 лица коишто имаат по најмалку два матични броеви. Демонстрираа примери како овој, во кои едно исто лице со два различни матични броеви го има два пати во избирачкиот список во земјава. Прашуваат дали овие лица со двоен идентитет можат да ги злоупотребат државните институции, банките преку отворање трансакциски сметки, но и за злоупотреби при кривична одговорност.

„Со скандалот Мафија 2 се открива како на едно исто лице му се издадени два матични броеви каде што според проверките во избирачкиот список истото лице е регистрирано еднаш со вистинското име, вистинска адреса, а вториот пат е регистрирано на друго лице во друга општина. Ова е класична злоупотреба на институциите и тежок криминал пред се за гласање на избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


Од опозициската партија го прашаа актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски зошто тврдел дека избирачкиот список е пречистен кога има совпаѓања за ад 20.000 матични броеви.

„Сето ова дава сомнеж дека нешто се случува и ве охрабруваме оваа ситуација да ја истражите како новинари. Како може да постојат овие 20.000 совпаѓања и ако е можно Министерството за внатрешни работи да издаде документи за идентификација на Џадин Адемовски. Оливер Спасовски е веќе шеста година министер за внатрешни работи. Истовремено избирачкиот список и лицата со двојни матични броеви беа прочистувани пред изборите во 2016 година, кога повторно министер за внатрешни работи беше Спасовски. И ако тогаш опозицијата и власта СДСМ-ВМРО-ДПМНЕ констираа дека избирачкиот список е прочистен, односно избришани се двојните матични броеви, тогаш како денес постои сомнеж за околу 20.000 двојни матични броеви и како тоа на директорот на Управата за водење матични книги, која е под Правда, му недостасуваат 100.000 обрасци. Сето ова дава сомнеж дека нешто се случувало изминатите 4 годинипраша лидерот Мицкоски.

Тие ја отворија први и аферата Мафија 1, која МВР ја нерече Двојник, а во која  се товарат вработени во Управните служби на МВР, кои наводно ја злоупотребиле службената положба издавајќи македонски пасоши со туѓ идентитет. На тој начин, вкупно 215 лица, од кои 214 странски државјани, се стекнале со фалсификувани пасоши, преку надворешен посредник, кој не е вработен во полицијата.Министерот Спасовски тврдеше дека акцијата е спроведена со поддршка од регионална канцеларија на амбасадата на САД за истраги и Интерпол.

ВМРО-ДПМНЕ ден претходно обвини дека власта им издавала македонски пасоши и документи на балкански наркобосови со лажен идентитет. Тврдат дека во МВР се издадени патни исправи со лажен идентитет за водачот на озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога Јован Вукотиќ и водачот на турската мафија Седат Пекер. Тие, како што се вели, добиле лажни идентитет како Ѓорѓи Андонов и Џадин Адемовски.


Можеби ќе ве интересира

Ќе има јавна дебата за Законот за дивоградби

Ќе има јавна дебата за Законот за дивоградби

Вчера имало две групни тепачки во Скопје

Вчера имало две групни тепачки во Скопје

Грција и Бугарија имаат најголем интерес нашата европска приказна да успее, вели Димитров

Грција и Бугарија имаат најголем интерес нашата европска приказна да успее, вели Димитров

Заев повторно патува во Брисел - со кого ќе се сретне?

Заев повторно патува во Брисел - со кого ќе се сретне?

Зошто Пендаровски се вакцинираше во Куманово?

Зошто Пендаровски се вакцинираше во Куманово?

Двајца починаа од коронавирусот, има и 83 нови случаи

Двајца починаа од коронавирусот, има и 83 нови случаи

Милановиќ ја брани Македонија, Џамбаски му порача да не се меша во внатрешните работи на Бугарија

Милановиќ ја брани Македонија, Џамбаски му порача да не се меша во внатрешните работи на Бугарија

Се однесувал несоодветно: Македонија прогласи руски дипломат за персона нон грата

Се однесувал несоодветно: Македонија прогласи руски дипломат за персона нон грата

ДЕСКОСКА, РЕМЕНСКИ, КИРАЦОВСКИ, ТАНАСОСКИ - беа на високи позиции, сега веќе не се дел од партиските органи

ДЕСКОСКА, РЕМЕНСКИ, КИРАЦОВСКИ, ТАНАСОСКИ - беа на високи позиции, сега веќе не се дел од партиските органи