29 Март, 2024
0.0581

Матка е добитник на наградата „Музеј на годината“

Објавено во: Мои пари 18 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Изложбениот центар Матка е добитник на наградата „Музеј на годината“ која ја доделува ICOM (International Council of Museums) – Македонија. Наградата се доделува по повод 18 Мај - Меѓународниот ден на музеите за особени достигнувања во музејската дејност за 2017 година.


ЕВН Македонија изложбениот центар Матка го отвори минатата година, до сега го посетија над 7.000 посетители, а беше претставен и на Годишната конференција на Европската Музејска Академија. Во Македонија ова е прв центар кој се бави со техничките науки, се служи со модерен музејски пристап и содржината е претставена на забавен и интерактивен начин. Поставката е сместена во зградата на старата хидроцентрала на Матка која за граѓаните на Скопје е од особена важност затоа што го има овозможено растот и развојот на градот во 20 век. На проектот му претходеше интензивна истражувачка работа, а во изложбата денес можат да се видат оригинални стари предмети, архивски материјали, филмови, фотографии, интервјуа и интерактивни модели кои беа изработени специјално за оваа намена и од кои посетителите учат додека ги испробуваат нивните функции и можности.

Матка е отворена секој ден освен понеделник од 10 до 15 часот.

ICOM е најголема меѓународна организација на музејски работници која е присутна во 136 земји и ја сочинуваат повеќе од 35 000 членови. Организацијата има консултативен статус во Економско - социјалниот совет на Обединетите нации. Македонскиот огранок на комитетот е формиран во 1993 година и одтогаш поставува професионални стандарди кои придонесуваат за создавање на квалитетна музејска дејност.

За Матка дознајте повеќе на:

http://matka.com.mk/

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија