23 Април, 2024
0.0310

„Mavrovo Maximum Adventure 2019“ - најголем тим билдинг настан во регионот

Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Од 7 до 9 јуни, на терените на Скијачкиот центар Маврово и на Мавровското Езеро, по шести пат се организираше еден од најпредизвикувачките аматерски спортски летни настани Mavrovo Maximum Adventure. Се работи за програмски најбогатиот македонски настан наменет за компании и организации, за што говорат бројките од 400 пријавени учесници од повеќе од 20 компании и организации.

„Целта и идејата на „Mavrovo Maximum Adventure беше преку адреналински спортови и авантуристички игри да се реализира лесен тим билдинг со фокус на спортските активности. „Mavrovo Maximum Adventure“ е совршена шанса за меѓусебно вмрежување и размена на информации и искуства меѓу компаниите и организациите учесници. Со ова директно се придонесува за создавање услови за подобра бизнис клима и меѓусебна соработка меѓу компаниите“, изјави Огњан Циговски, директор на Скијачкиот центар Маврово.

Mavrovo Maximum Adventure е супер повод за подобрување на интерните односи, зголемување на довербата и лојалноста, подобрување на комуникацијата меѓу вработените и пред сѐ, одлична забава за целата компанија.

Sport Challenge игрите (кајак на мирни води, возење SUP даски, стрелаштво, планинско трчање, планински велосипедизам, фрлање на копје и други) беа креирани и организирани од страна на професионални спортски друштва кои се долгогодишни експерти во својата област, додека Adventure Games игрите беа тимски активности каде учесниците, во најбрз можен рок, имаа задача заедно да ги совладаат препреките, потпирајќи се на снаодливоста, интелигенцијата и агилноста на членовите на тимот.

Освен богатата понуда на „Mavrovo Maximum Adventure“, овој настан е уникатен и поради совршената локација на Маврово, сместен во подножјето на планината Кораб, која повеќе од 50 години е симбол за приказни исполнети со гостопримство, традиција и планинско спокојство. Маврово, кое важи за една од најубавите македонски планински долини, се покажа дека е одлично место за организација на летен тим билдинг за компании и организации, придружен со незаборавна летна авантура исполнета со прекрасни шумски предели, зелена идила, неверојатни пејсажи, чист воздух и совршени услови за планински прошетки, велосипедизам и останати планински спортови.


Можеби ќе ве интересира

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS