Маж се самозапали на плоштад, минувачите го изгаснаа
Објавено во: Свет 18 Јануари, 2019
Човек се запали на плоштад во Прага, додека Чесите му оддаваат почит на студентот Јан Палах, кој на 16 јануари 1969 година се замозапали во знак на протест против советската интервенција.
Тој е пренесен во болница, откако минувачите успеале да го изгаснат огнот.
Се запалил на плоштадот Венцеслас, на истото место каде што Јан Палах го извршил својот очајнички чин во 1969 година.
Неговите мотиви засега се непознати, а во тек е истрага.